Добивај вести на Viber
Нагло зголемена трговијата со илегални цигари во Грција, ова го покажа истражување на „АЦ Нилсен“, компанија за испитување на пазарите. Според истражувањето 13,2 проценти од цигарите што се конзумирале во април годинава не биле наменети за грчкиот пазар, за разлика од 2009 година кога тој процент изнесувал 5,1.
Со оглед на тоа што во 2011 година даноците на тутунските производи изнесувале 3,9 милијарди евра или осум проценти од приходите на земјата, проблемот со илегалната тровија со цигари има сериозни последици врз грчката економија.
Според проценките на грчакта тутунска индустрија „Папастратос“, минатогодишните загуби во државните приоди поради шверцот со цигри знесувале 350 милиони евра.
Друго истражување, што го спроведе „КПМГ“, покажа дека од вкупно 26,8 милијарди цигари што се потрошени, 2,7 милијарди биле шверцувани. Дури 45 проценти од илегалните цигари припаѓале на категоријата цигари што се произведуваат исклучиво за шверц.