Груби: Греота е од Бога да му го направите ова на Али Ахмети
Објавено во: Македонија 14 Март, 2023
Кога тој побарал функција, праша првиот вицепремиер Артан Груби за лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Груби во Чаир кажа дека е греота од Бога тоа да му го прават на Ахмети и повика на помирување во партијата.
„Сега кога сме во највисокото ниво на владеење на единство на Албанците, аздисуваме, велиме тргнете го тој ставете друг, греота е од Бога се колнам. Греота е за секој од нас, да не зборуваме за Али Ахмети. Кога Али Ахмети сакал функција, кога тој посакал да стане претседател на Собранието, Премиер или Претседател на државата“, вели Груби, објави ТВ21.
Тој подава рака за помирување со „огнената група“ во ДУИ. „Ахметистите“ и „Огнената група“ ќе се смират и повторно ќе седнат на маса кај Али Ахмети, смета Фатмир Дехари, кој во емисијата 200 на Алсат рече дека дебатата меѓу незадоволните и министрите на ДУИ треба да се врати во партиските органи.