27 Април, 2024
0.0278

Груевски и Мијалков си ги бараат пасошите - им биле потребни за службени патувања

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, побарале од Кривичниот суд да им ги врати пасошите што им беа одземени како гаранција дека нема да побегнат од земјава поради обвиненијата што против нив ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, објави „Телевизија 24“.

Информациите за телевизијата ги потврдиле и адвокатите на Груевски и на Мијалков, според кои, не станувало збор за нешто ново туку за редовна судска пракса.

Тие бараат пасошите да им бидат вратени затоа што им се потребни за службени патувања надвор од земјата, а како гаранција дека нема да бегаат ги предложиле нивните семејни статуси и бизнисите што ги имаат во Македонија.

СЈО бараше од судот на Груевски да му одреди притвор, како првообвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности. Сепак, судот го одби барањето на СЈО и наместо притвор му ги одзеде пасошите (обичениот и дипломатскиот) и му наложи еднаш неделно да се јавува во судот.

Мијалков е обвинет во случајот „Таргет“ и се товари за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и примање награда за противзаконито влијание.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“