27 Април, 2024
0.0276

Груевски ја губи битката со инвеститорите

Објавено во: Економија, Колумни 18 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Допрва ќе биде „весело“. На Груевски му требаат пари и тој по секоја цена ќе бара начин како да ги најде, и тоа, ни помалку ни повеќе, 650 милиони евра. Толку многу му требаат што мислам дека нему ни каматната стапка веќе не му е битна. Треба само некој да му се нафати да ја купи еврообврзницата. Се’ се плашам, на крајот да не биде некој „Белизе“ фонд, кога веќе сериозните инвеститори се колебаат. На тој начин ем ќе ги обезбеди потребните средства, ем ќе им обезбеди високи приходи на име купонска каматна стапка на сопственците на средства од тропските острови. Првата реакција на инвеститорите беше изненадување. Очигледно, обременети од проблемите, не можевме да ја согледаме вистинската перцепција на инвеститорите, на оние кои нормално е да реагират пазарно, оние кои приносот секогаш го врзуваат со ризикот. Укажувавме, пишувавме, но потајно стравуваме дека екипата на Груевски и овојпат ќе може да  ги изманипулира странските инвеститори. Домашните веќе не му веруваат, последните неколку аукции на државни записи тоа и го потврдуваат. Но, се покажа дека и меѓународните инвеститори на кои  им се потребни нови извори за оплодување на капиталот, оценија дека инвестирањето во македонската еврообврзница е премногу ризичен потег. Во услови кога во нивните земји купонските каматни стапки на обврзниците се неколкукратно пониски, дури и негативни, тие  дигнаа рачна за купувањето на „груевската“ еврообрзница. Тие сфатија, дека не е добро да се инвестира во обрзница која носи поголем ризик од оној кој што  можат да го поднесат. А, ризикот е навистина голем. Кој е тој сериозен инвеститор кој има вишок на средства да инвестира во обврзница за чие издавање не се исполнети ниту основните формално правни предуслови. При постоење на закон за влада, намерата беше да се издаде еврообрзница без потписот на дополнителниот заменик  министер за финансии! Емитентот на обрзницата поверува дека ќе им подметне на инвеститорите хартија од вредност за која зелено светло нема дадено Министерството за правда! Не дека Министерството немаше тоа да го стори, но тоа е законска обрска и  исклучително битен формално правен чин, посебно во услови кога целата постапка е проследена со укажувања за нејзината општествено- економска неоправданост. И кога на сите овие аномалии укажуваше експертската јавност и опозицијата, која впрочем и најави дека долгот ќе биде отповикан доколку дојде на власт, за што секако постојат правни предуслови, очигледно не можеа да не реагират и потенцијалните инвеститори од типот на „Сити Банк”, „Дојче Банк”, „Ерсте Груп“, „ Сосиете Женерал” и  да не му свртат грб на човекот кој за да ја заштити сопствената кожа, планираше дополнително да го дозаглави сопствениот народ. Се покажа дека тоа што не ја интересира власта, а за што е критикувана опозицијата, исклучително е битно за инвесторите. На инвеститорите им е повеќе од јасно дека со непродуктивно трошење се влошуваат  можностите за сервисирање на обврските. А владината негрижа околу тоа само ги зголемува ризиците за инвестирање. Имено, по минатонеделната безочна одбрана на владината одлука за позајмувањето на странски пари, на сите што се сомневаа, дефинитивно, им стана јасно дека  критиките на опозициската јавност за дубиозите во буџетската  потрошувачка се наполно оправдани. Се потврдија сомневањата за  неоправданоста од такво големо задолжување. Притоа, клучен прилог за тоа даде техничкиот премиер. За него, емисијата на обврзница „е апсолутно во прилог да имаме економска ликвидност, да имаме навремена исплата на плати, пензии, социјални трансфери, бидејќи оваа сума гарантира една подолгорчна макро – финансиска стабилност на државата“. Само не кажа од кога позајмувањата на странски пари (кои треба да ги враќаат идните генерации) се нормални потези за да се има навремена исплата на плати, пензии и социјална помош. Не дај боже да потрае неговото премиерување. Целиот е во служба на моментот. Да и’ помогне на партијата да ги задоволи интересите на таргетираните гласачки групи за да ги добие наредните избори, а со задржувањето на власта да и’ помогне на врхушката да го избегне соочувањето  со правните последици од бројните нерегуларности во вршењето на власта. Не е повисок ни дострелот на владејачката партија во одбраната на емисијата на обврзницата од 650 милиони евра. Без никаков валиден аргумент за општествено економската оправданост на задолжувањето (секако, заради тоа што немаат такви аргументи) ја обвинија опозицијата дека се обидела да упадне во финансискиот систем со намера да спречи „инвестиции во градинки, училишта, патишта, болници, отворање на нови работни места и други проекти“. А забораваат дека со ребалансот на буџетот самите предвиделе да се редуцираат средствата за капитални инвестиции. Тогаш, зошто се потребни повеќе средства од предвидените со ребалансот? Перцепцијата на финансиската состојба не може да ја подобри ниту лидерот на партијата. Според него, опозицијата имала цел да и’ наштети на владејачката партија како нивни опонент, а всушност и’ наштетила или се обидела да и’ наштети на државата. Здравје, подобар аргумент за идентификација на партијата со државата!  Човекот е на заминување од власта и политиката, а не разбра дека практиката според таквото сфаќање го доведе таму каде што се наоѓа. Можеби не ги виде разликите, бидејќи идентификацијата му обезбеди и моќ и пари, за сметка на рушењето на демократијата и загрозувањето на човековите права. Впрочем, иако не е во  владата, Груевски прв ја обзнани потребата од емисија на обврзница, без да спомене било каква намена на средствата. Притоа, очигледен е неговиот личен интерес  за успешно емитирање на обврзницата, дури и по било која цена. А тоа не е во прилог на јакнење на довербата на инвеститорите, посебно во услови на заострување на кризата во земјата. Особено кога се знае дека Груевски не ја потпишува обврзницата. А тој не става потпис каде што е проблематично. Дури така го советуваше и министерот Јанакиевски (од прислушуваните телефонски разговори). Затоа многу сериозно треба да продолжат активностите да се спречи емисијата на обврзницата од 650 милиони евра. Груевски ќе продолжи да „копа“ и да бара начин како да ги најде потребните средства. Тој е свесен дека плати, пензии и субвенции мора да има барем до првите избори, затоа што нему му е јасно дека и најголемите вмровски пензионери, земјоделци и административци, при првото доцнење на месечните предвидени приходи без размислување би му ги удриле „клоците“. Така е тоа кога луѓето си ги убедувал да гласаат за тебе со уверување дека за нив секогаш ќе има, без разлика дали во меѓувреме си создал економија да ги обезбеди ветените приходи или истите ќе ги обезбедуваш со задолжување. Груевски ја избра втората опција, која е многу штетна за државата и опасна за него. Само прашање на време е кога истата ќе му се удри од глава. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра