Груевски ќе си го бара пасошот назад, СЈО ќе бара притвор
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2017
Апелациониот суд денеска ќе ги разгледува жалбите во предметот „Титаник“ кој е еден од пообемните на СЈО со вкупно 21 обвинет, од кој Никола Груевски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најверојатно прв ќе може да ги образложи своите аргументи зошто треба да му биде вратена патната исправа.
СЈО и во жалбената постапка пред Апелациониот суд ќе бара притвор за Груевски но, и за неговите сопартијци Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловска.
Претходно Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 реши само да им ги задржи пасошите и им наложи редовно да се јавуваат во судот, но од страна на СЈО не прифати ниту еден предлог за одредување на мерка притвор. Во предметот „Титаник“ обвинетите се товарат за изборни измами.