Груевски не ја пропушти ни комитската вечер во Гази Баба
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2017
Месните и општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со одржување на комитски вечери кои и покрај атрактивното име се што се прави е играње, славење и гоштевање, па затоа на настанот во Гази Баба не пропушти да присуствува и лидерот на опозицијата Никола Груевски.
На овој настан, како што може да се види од фотографиите. присуствуваа и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и други истакнати членови на партијата.
Груевски исто така за да биде поблиску до членството на партијата продолжува да остава слика на човек од народот па заигра и оро со нив.