26 Април, 2024
0.1151

Груевски: Не се повлекувам од лидерската позиција, Заев вети оставка ако изгуби на избори

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Груевски нема намера доброволно да ја напушти претседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ и засега ќе остане лидер на опозицијата.

- Не планирам да се повлечам од лидерската позиција затоа што на последните избори победивме и освоивме најмногу гласови и имам долг кон сите граѓани што не поддржаа и што гласаа за нас да продолжиме да се бориме за една добра иднина за Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Институтот за филм во Охрид.

Груевски вели дека ова прашање го отвориле опонентските партии и медиуми блиски до нив поради нивната желба да дојде до смена на раководството во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што според Груевски, тие имаат страв од раководство на ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека ќе ги изгубат наредните избори.

Од друга страна Груевски смета дека идниот премиер Зоран Заев треба да си поднесе оставка во СДСМ бидејќи изгубил на изборите.

- Последните два изборни порази се на чело со Заев, и во 2014 и во 2016. Тој и во двата наврата вети пред граѓаните дека ако ги изгуби изборите ќе си даде оставка. Се уште веројатно многумина ја очекуваат или оставката или објаснување зошто и во 2014 кога вети дека ќе се повлече ако ги изгуби изборите не се повлече и зошто во 2016 кога јавно кажа дека ако ги изгуби изборите ќе се повлече се уште не го прави тоа, рече Груевски во Охрид.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“