28 Април, 2024
0.0245

Груевски: Вложуваме во земјоделството и тоа дава резултати

Објавено во: Агробизнис 16 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Вложувањето во земјоделството вроди со резултати, а доказ за тоа е зголемениот обем на откуп и продажба на земјоделски производи, оцени денеска премиерот Никола Груевски. - Oткупот и продажбата на земјоделски производи во септември годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 63,6 отсто, само кај индивидуалните производители зголемувањето е 143 отсто, рече Груевски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на спортската сала во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар. Земјоделците, како што рече, инвестираат во поголемо и поквалитетно производство што, пак, им овозможува од остварениот профит да вложуваат во механизација, нови површини и сите други активности кои придонесуваат за зголемување на производството.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?