03 Мај, 2024
0.0270

Груевски: Во преговорите ДУИ достави закон за двојазичност кој го одбивме

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Според Никола Груевски преговорите со ДУИ пропаднаа и не беше искористен првично мандатот за создавање на влада бидејќи главен проблем било барањато за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија што е неприфатливо. 

- Откако не успеаја плановите за постизборен инжинеринг стана јасно дека тежиштето на борбата се префрла со притисоци врз преговорите за формирање на влада со коалициониот партнер ДУИ што на почеток одеше во позитивна насока. Со оглед на распоредот на пратеници знаевме дека ќе биде тешко да се формира влада, но не одевме веднаш да бараме нови избори. Со ДУИ од старт видовме обиди за одложување на преговорите поради внатрепартиски несогласувања. Потоа бевме соочени со барањата на ДУИ со конкретен закон доставен на хартија за двојазичност на цела територија за изедначување на албанскиот со македонскиот јазик. Им кажавме дека е нелогично да има двојазичност каде Македонците се 65%, а Албанците се 25% кои живеат пред се во северозападна Македонија каде веќе уживаат голем број на етнички права, особено со Рамковниот, вели Груевски.

- На маса беше ставена и платформата која ја одбивме бидејќи е составена со други партии и во друга држава. Препознавме дека станува обид за ре-преговарање на Охридскиот рамковен договор. Тој е тешко постигнат и не треба да се менува, што ако помалите етнички заедници, па дури и македонската заедница излезат со свои барања. Со тоа ќе отвориме една Пандорина кутија која нема да донесе нешто добро. Им кажавме дека не сакаме да разговараме за платформата, туку за поединечни конкретни разговори, посочи Груевски во интервјуто за ТВ Нова


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник