03 Мај, 2024
0.0260

Гурга Георгиева урива рекорди: Најчестата добитничка на грепки ја раскажа приказната

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Денес на покана на Државна лотарија, Гурга Георгиева ги посети нивните простории и пред камера ја раскажа својата приказна од која пренесуваме дел во ова соопштение.

Поттикнати од интересот на дел од медиумите за објавуваните добивки освојувани на инстант лотарија од страна на Гурга Георгиева, во тек на последните пет години, а во прилог на точно и комплетно инфомирање, во согласнот со Гурга Георгиева која е еден од најверните играчи на инстант лотарија, но една од ретките кои ја разбираат потребата од транспарентност, подолу даваме поцелосен осврт.


Гурга Георгиева, во семејството на среќни добитници на инстант лотарија, се придружи од 2014та. Во декември 2014та таа и нејзиниот сопруг освоиле една од 10те премии Голф 7 на инстант лозот Седма Брзина.

Гурга долги години живеела во Швајцарија, каде инстант лотаријата ја играла од забава. Гребењето инстант лозови и станало дел од секојдневието, па по пензионирањето и враќањето во својата земја, го зголемила обемот на купување инстант лозови, како што вели, заради многу поприфатливите цени на лозовите кај нас.

Во овие пет години надлежните од Државна лотарија на Македонија имале бројни средби со неа, лично ги посетува речиси сите промоции во Струмица и цела источна Македонија и не пропушта да дојде и на поголемите промоции во Скопје. Инстант лозови, покрај во Ново Село и Струмица, купува и во  Штип, Велес,  Скопје и во Прилеп каде оди во посета на кумовите. Во нејзината ташна секогаш има лозови и кога во болница го чекала породувањето на својата снаа и кога чека по ародроми и кога оди на гости. Нејзината пасија кон инстант лотаријата оди до таму што порачува по сопругот, пријатели и такси возачи од Ново село да и купуваат лозови од различни градови низ нашата земја. Никогаш не купува помалку од по 200 лозови дневно и никогаш добивките од по 5.000 денари и помалите не ги зема во пари туку во лозови. Воедно не пропушта свадба, или друг позначаен настан без да подари инстант лозови, кои ги пакува во убави букети. При тие средби таа е посебно интересен соговорник, самата вели дека не знае колку точно средства инвестира во купување инстант лозови, но според нејзините кажувања, со инвестициите и добивките е горе долу на исто. Гурга вели дека инстант лотаријата и е главна забава и нема ден без купување лозови а во гребењето и помагаат и домашните и пријателите и соседите. 


Ако редовно игра од 2014 година до денес или 5 години по 365 дена  и купува минимум по 200 лозови дневно, а како што вели таа, купува некогаш и повеќе не пропуштајќи да купува во недела, може да претпоставиме дека вложува сериозно голема сума парични средства во инстант лотаријата. Во соласност со политиката за одговорно играње, ова не е препорака на Државна лотарија, но станува збор за нејзин избор.

Во тек на овие неполни 10 години приредување игри на среќа веќе има портфолио на  верни играчи и чести добитници, но за сега, Гурга е единствениот редовен  играч и чест добитник на инстант лотарија кој се согласил на фотографирање и јавни објави.

На рекциите во веб порталите  и на социјалните медиуми, за бројот на добивки кој го освојува, таа порачува, да инвестираат сите како неа, добивки има за сите.

Од кога Гурга се вклучила во инстант лотарија од 2014 та до сега има близу 30 видови пласирани лозови со вкупен број од 177 премии, од кои 67 возила и 110 парични премии (+ 365 електрични тротинети и 40 смартфони), покрај другите бројни парични добивки. 

Од вкупниот број на премии во тек на пет години, Гурга освоила вкупно две возила, четири парични премии и еден смартфон. Воедно има освоено и други парични добивки од втора, трета и пониски категории.

Поголеми освоени добивки по хронолошки редослед од 2014та до септември 2019та:

На лозот Подарок - прва добивка, во 2014та, освои една од 30те премии од 60.000 денари;

На лозот 7ма брзина, освои еден од 10те возила Голф 7;

На лозот Среќни коцки освои една од 5те премии од по 1.000.000 денари;

На лозот Детелинка, освои една од 20те добивки од по 100.000 денари,

На лозот Дијамант (серија 1 и 2), освои една од 38те добивки од 150.000 денари,една од 45те добивки од 50.000 денари, една од 55те добивки од 10.000 денари

На лозот  Златна рипка (серија 1,2, 3, 4 и 5), свои една од 75те добивки од по 50.000.

На инстант лозот Паркирај Хибрид, освои еден од 10те возилата Тојота Аурис Хибрид; 

На лозот Среќен роденден освои еден од 40те смартфони;

На лозот Златна треска освои една од 5те премии од 585.000 денари;

На лозот СЕФ (серија 1, 2 и3) освои една од 9те премии од 600.000 денари;

Најдрага добивка до сега и е возилото Тојота Аурис Хибрид, а приматот на омилен лоз од сега ќе го има инстант лозот Аладинова ламба.


Државна лотарија работи согласно Законот за заштита на личните податоци и објавувањето на добитниците е исклучиво по добиена писмена согласност од добитникот. Благодарни се на сите членови на семејството на среќни добитници на игри на среќа, кои се согласуваат на објава, но за жал, се уште голем дел од добитниците, посебно на парични добивки, го задржуваат правото на анонимност, што не е во прилог на трансарентноста. Необјавувањето  покрева коментари и се создава неоправдана недоверба. За жал овој пат дел од јавноста неоправдано упатуваше критики на сметка на транспарентноста. 

Како Државна лотарија која е одговорен приредувач на игри на среќа, од исклучителна важност е транспарентноста. Игрите на среќа ги приредуваат за да овозможат забава и добивки за сите кои ќе се вклучат во игра. Интензитетот на играње го одредуваат самите играчи, согласно нивните желби и можности.  Инстант лотаријата за Гурга е пред се начин на забава кој согласно нејзините зборови, секојдневно го практикува, сака и може да си го дозволи, а како што изјави, за неа гребењето има терапевтско дејство. 


Гурга Георгиева е доказ дека кој игра, тој добива.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија