02 Мај, 2024
0.0296

Хан доаѓа во Скопје, со лидерите ќе разговара за изборите и реформите

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, на 14-ти октомври доаѓа во Скопје при што се предвидени средби за организацијата на предвремените избори во декември и спроведување на итните реформски приоритети.

Ова за МИА го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, потврдувајќи дека првиот човек за проширување на Европска унија ќе дојде два дена по предвиденото распуштање на Собранието со цел организирање на изборите на 11 декември.

„Ние можеме да потврдиме дека комесарот Хан ќе отпатува во Скопје следниот петок на 14 октомври. При оваа посета, тој ќе се состане со претставниците на четирите најголеми политички партии во земјата, со специјалниот обвинител и со претставници на граѓанското општество. Обемот на мисијата ќе биде дискусии за состојбите во земјата, особено на организацијата на изборите во декември, како и спроведувањето на итните реформски приоритети“ - изјави Коцијанчич за МИА.

Како гарантор на Пржинскиот договор што меѓу четирите политички партии во Македонија беше постигнат во јуни/јули лани,  а надграден на 31 август оваа година, комесарот Хан сака да се увери дека договорот ќе се почитува во земјата и дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември и истите да стават крај на долготрајната македонска политичка криза.

Хан во повеќе наврати претходно се сретна со лидерите во земјава и разговараше за решавање на кризата. 



Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите