ХАОСОТ ДОПРВА ПОЧНУВА: САД и зададоа удар на Русија
Објавено во: Свет 30 Август, 2018
САД поднесоа тужба до Светската трговска организација против Русија предизвикувајќи „специјални заштитни мерки“.
Тужбата е покрената поради мерките кои се воведени на увозот на американски производи како одговор на тарифите на Трамп на увозот на челик и алуминиум.
Причина за тужбата е таа, како тврдат САД, дека Русија ги крши правилата на СТО бидејќи дополнителните царини ги применува само на увоз од САД, но не и на увоз на производи од било која друга земја.
Друга причина е тоа што висината на царински стапки е повисока од максималните дозволени според условите од членството во СТО.
Русија има рок од 60 дена да го реши спорот , по што Вашингтон може да побара до СТО да формира комисија која ќе донесе конечна одлука.