Хероите на Вардар утре ги чекаме на аеродром, па ќе славиме на плоштад
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2017
Хероите на Вардар кои се нови шампиони на Европа утре прво ќе бидат пречекани на аеродром, а потоа ќе се тргне кон плоштадот „Македонија“ каде ќе има организирано славење на титулата во Лигата на шампиони.
Ракометарите се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики" утре во 11,15 часот. Оттаму, тие ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал", па лево кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка".
Оттаму европските шампиони ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија".
Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар" да пристигнат на плоштадот„Македонија", преку Порта „Македонија".
За оние што сакаат да дојадат на аеродромот „Александар Велики“ има организиран бесплатен превоз од страна на ЈСП.