Хонорар од 3 000 долари неделно за пушење марихуана
Објавено во: Свет, Стил 27 Март, 2016
Националниот институт за злоупотреба на дрога во САД нарачал спроведување на детално истражување за влијанието на марихуаната на човековото тело од страна на Американскиот национален истражувачки центар. Во истражувањето ќе учествуваат околу 300 луѓе кои во наредните шест месеци ќе добиваат 3.000 долари неделно за учеството. Со други зборови, тие ќе добиваат пари за пушење марихуана. Експериментот ќе се врши во седум различни институции ширум САД, а тој има за цел да утврди дали канабисот може да се користи за намалување на стресот додека истовремено би им овозможил на луѓето нормално да живеат и функционираат. - Ова е прво, многу ветувачко истражување, кое конечно ќе даде одговор дали луѓето кои консумираат "трева" навистина се мрзеливи. Многу е возбудливо бидејќи резултатите од истражувањето би можеле да доведат до легализација на марихуаната во многу земји - изјавил главниот истражувач, Мајкл Грегори.