ХРВАТИТЕ ВЕ ЧЕКААТ НА ЛЕТО: Ќе им требаат 35.000 сезонци
Објавено во: Економија, Балкан 13 Декември, 2019
Хрватскиот туризам во годините кои доаѓаат ќе има потреба од 30.000 до 35.000 сезонци.
Пред две години имале 2.000 странски работници, лани квотата била 6.400, а оваа година над 20.000.
Хрватите се доведоа во ваква состојба затоа што нивните работници заминуваат во Австрија.
Оваа година беше рекодна за хрватскиот туризам, затоа што имаа пораст на ноќевања и посети, но дел од туристичките компании работат со намалена рентабилност.