Хрватска и Црна Гора слават, Турција губи 10 милијарди долари
Позитивни трендови има во Црна Гора и Хрватска, а Турција има загуби во туристичкиот сектор.
Објавено во: Балкан 21 Септември, 2016
Црна Гора за 7 месеци има туристички приход од 400 милиони евра или 15 милиони повеќе од лани.
Има многу гости од Европа, а од Шпанија дури 55% повеќе.
До крајот на август Хрватска имаше милиони посети од туристи повеќе за разлика од лани истиот период.
Добри туристички резултати има и Грција и покрај бегалската криза.
Оваа година Турција изгуби од 8 до 10 милијарди долари приход, толку колку што Хрватска заработува од туризам.
Црна Гора во последно време е фокусирана на инвестирање во хотели и привлекување гости од Западна Европа.
Се проценува за Грција дека до крајот на годината ќе ја посетат 27.5 милиони луѓе или за 5 милиони повеќе од лани.