И ДЕНЕС НЕМА ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТ:Повторно не функционира „Мој термин“, Чолакова со апел со пациентите
Објавено во: Македонија 18 Август, 2023
Вчера не функционираше Мој термин и пациентите не можеа да добијат лекови на рецепт, ниту пак да закажат преглед преку програмата.
Меѓутоа, претседателката на Здружението на приватни матични лекари, Лидија Чолакова, утринава објави апел до пациентите дека Мој термин не функционира.