30 Април, 2024
0.0312

И ДРЖАВАТА ОЧЕКУВА НЕФЕР ИГРА ОД НЕКОИ ТРГОВЦИ: Ќе има одлуки кои нема да им одат во прилог на некои групи, вели Бектеши

Објавено во: Економија, Финансии 05 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството за економија ќе носи одлуки кои, според ресорниот министер Крешник Бектеши, нема да бидат во прилог на одредени групи кои би направиле злоупотреби и енормно зголемување на цените во периодот додека да биде објавена конечната листа со производите што ќе бидат опфатени со законот за забрана на нефер трговски практики и додека не се променат договорите на снабдувачите со трговците.

Бектеши вечерва во гостување на ТВ Сител рече дека од над 2500 производи кои ќе бидат опфатени со законот, 70 до 80 проценти се земјоделски и прехранбени производи што се на пазарот во државава.

-Над 2500 производи се прилагодени на новото законско решение, кое денеска е усвоено на Комисија и најверојатно на наредната пленарна седница на Собранието согласно моите информации на 11. или 13. месецов ќе биде усвоено. Утредента откако ќе биде објавено во Службен весник веднаш ќе отвориме јавна расправа со стопанските комори и со Организацијата на потрошувачи, а преку медиумите ќе ја објавиме целосната листа на производи кои предлагаме да бидат во склоп на ова законско решение каде е предвидено да нема повеќе од 10 проценти маржа во ланецот на снабдување на земјоделските и прехранбените производи, рече Бектеши, најавувајќи дека листата ќе се прошири ако има барања.

Убеден е дека законот ќе биде изгласан и од опозицијата имајќи предвид, како што рече, дека е во интерес и на потрошувачите и на домашните производители кои на некаков начин се уценуваат од страна на одредени ланци супер маркети. 

Според Бектеши, и покрај шестемесечниот период за примена ќе нема големо зголемување на цените особено на производите за кои до крајот на минатиот месец имаше гарантирани цени.

- Сум разговарал со сите домашни производители и трговци и на големо и мало. Ако се злоупотребува овој период додека се утврди целосната листа и биде објавена, и додека се менуваат договорите што ги имаат снабдувачите со трговците заради тоа што треба да им се даде период да репреговараат одредени работи кои ги имаат предвидено нивните договори за снабдување, тие знаат дека во Министерството за економија подготвени сме во текот на денот да носиме одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би можеле да направат такви злоупотреби, рече Бектеши. 

Предлог законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, по скратена постапка, денеска доби поддршка во собраниската Комисија за европски прашања. Утре е на дневен ред на седницата на собраниската Законодавно-правна комисија.


Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи