И Каракамишева претседател на комисија во ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2018
Комисијата за политички систем во ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи професор др. Тања Каракамишева Јовановска.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра претседатели на повеќе партиски комисии, соопштија денеска од партијата.
При тоа формирани се следните комисии:
• Комисија за енергетика каде претседател е професор Горан Чогеља.
• Комисија за спорт каде Претседател е пратеникот Трајче Димков.
• Комисија за животна средина и просторно планирање која ќе ја предводи професор др. Соња Лепиткова.
• Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство која ќе ја води др. Миле Јакимовски.
• Комисија за труд и социјална политика каде Претседателка е Слободанка Алексовска.
• Комисијата за финансии и монетарни прашања која ќе ја предводи екс министерот Кирил Миноски.
• Комисијата за економија и инвестиции предвидено е претседател да е Христијан Делев.
• Комисијата за туризам која ќе ја предводи Перо Петковски.
• Комисија за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги претседател професор др. Орце Симов.
• Комисија за локална самоуправа која ќе ја предводи еден од најуспешните градоначалници, градоначалникот на Прилеп, господинот Марјан Ристески.
• Комисијата за верски и етнички прашања која ќе ја предводи Антонио Петков.
• Комисијата за семејни прашања и демографија каде Претседател е пратеникот Владимир Ѓорчев.
• Комисијата за администрација ќе биде предводена од пратеничката Невенка Стаменковска.
• Комисијата за транспорт, градежништво и урбанизам ќе биде предводена од Синиша Ивановски.
• Комисијата за здравство – ќе ја предводи др. Виктор Камилоски.
• Комисијата за култура – која ќе ја предводи актерот Роберт Вељановски
• За претседател на Антикорупциска комисија – поставен е Тони Мекиноски.
За нов претседател на Комисијата за кадровски прашања е избран Благоја Ташаминов.