02 Мај, 2024
0.0277

И Македонија има Амазон: Како полека се гради One Stop Shop, македонска, а најдобра светска стартап компанија

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Идејата која растела можеби и со години, за брзо време по основањето стана успешна приказна. Приказна која дури ја промовира Македонија надвор – и по оригиналноста, но и по успешноста и амбицијата. One stop shop навистина е сторија лесна за пишување – таа инспирира и дава надеж дека за старт ап индустријата секогаш има шанса, секако тогаш кога упорноста и знаењето се квалитети. Основач на компанијата е Емилија Долинска, а Оливера Кошиновска која е извршен директор за Македонија, со несмален ентузијазам, ама скромно, за Фактор ги раскажува сите успеси на One Stop Shop. Тоа е фирма која веќе ја знаат сите, ама фирма за која допрва ќе се слуша. Таа е најбрзо растечка онлајн платформа за виртуелно пазарење во земјава. Постои како што вели Кошиновска за олеснување на пазарењето на потрошувачите оти нуди многу категории производи – да се најдат на исто место и да се нарачаат со еден клик. А и навистина во практика сите нарачани производи од One Stop Shop стасуваат до вратата на тие кои ги нарачуваат во термин кои го одбрале. А квалитетот сега беше признат и меѓународно. Компанијата ја доби првата награда на годинашниот бизнис форум организиран од меѓународната организација Global woman и лондонскиот магазин Strat-up today. Освоиле прво место во конкуренција од над 1.000 квалификувани стартап компании со уникатни концепти за бизнис.

ПОЧЕТОКОТ, ПА СИЛНИОТ РАСТ

Идејата впрочем е од пред неколку години. Кошиновска вели дека се размислувало како кога има зголемен интерес за он лајн купување – сепак да се направи нешто поразлично. Иако официјалниот старт бил дополнително забавен поради ковид, сепак приказната почнала во јуни лани – продажбите стартувале од август. Свесни за ризикот, но никогаш со сомнеж дека нема да успеат, оти биле сигурни дека носат нешто ново, имаат разлика.


„Идејата да понудиме се на едно место за нашите клиенти беше првиот предизвик со кој се соочивме. Организација на доставата до адреса на нашите клиенти беше следниот предизвик особено во начинот на извршување на истата и воспоставување на систем спoред кој крајниот клиент ќе може да одбере едночасовен термин за достава до неговата адреса или да нарача брза достава и да добие се’ што нарачал директно до својата адреса за максимум 60 минути. Трет предизвик ни беше интеграцијата и воспоставувањето на сегмент кој ќе интегрира One Stop Shop решение за сите потреби на компаниите кои сакаат да нарачуваат се’ на едно место од производи потребни за нивното секојдневно работење. Од тој аспект, од самиот старт не зацртавме краткорочни цели кои ќе бидат лесни за постигнување, туку пред се цели кои ќе значат реализација на една специфична идеја и концепт. Затоа во овој период од петмесечно работење, кога би зборувале за растот на нашата компанија, пред се би зборувале за развојот на нашиот концепт и процентот на реализација на зацртаните идеи. Се уште растот на фирмата и компанијата не го мериме во остварен профит, туку остварена реализација на концептот на One Stop Shop, вели Кошиновска.

Водени од идејата да понудат нешто оригинално, сакале пазарењето на One Stop Shop само да биде организирано, лесно, да не одзема енергија, време. Впрочем тоа што го бара секој – или баш се на едно место. Кошиновска вели дека моментно тие се на ниво на онлјан мол со понуден широк асортиман на производи во супермаркет, производи за миленици, цвеќарница, автокорнер, книжарница, па до аптека, производи за домот, за подароци.

БЕСПЛАТНА ИЛИ СО МИНИМАЛНА ДОСТАВА ЗА БРЗО ВРЕМЕ

Кошиновска вели дека во супермаркетот ги има сите производи како во поголемите маркети – но и пиљара со свежо овошје и зеленчук, свежо месо, деликатеси, млечни производи, пијалоци, средства за хигиена. Во онлајн маркетот има и акциски каталози, а цените се подостапни од конкуренцијата. За сите регистрирани потрошувачи има и систем на лојалност – па со секоја направена нарачка се добива 2 проценти поврат на средства во вид на поени односно еден поен е еден денар.

„Освен директната понуда кон потрошувачите, имаме и соодветна програма за компании, преку која секоја компанија може да се снабди преку One Stop Shop со сите канцелариски производи, почнувајќи од канцелариски материјали, прибори, преку средствата за хигиена и чистење, основни топли и ладни напитоци, па се до персонализирани Гифт картички испратени до своите вработени. И повторно, сето ова само преку еден клик до нивната компанија, во време кога тие ќе го одберат, вели Кошиновска.

Таа објаснува дека цените за достава се симболични односно доставата е бесплатна за во Скопје ако нарачката надминува вредност од 899 денари или ако е за надвор од Скопје, а станува збор за нарачка над 3.000 денари. Се доплатува само 79 денари доплата за нарачки на територија на Град Скопје чија вредност е под 899 денари или 100 денари за нарачки надвор од Скопје чија вредност е под 3.000 денари. Има можност за брза достава од 30 до 60 минути со доплата од 99 денари за територија на главниот град.

НАЈДОБРА СТАРТАП КОМПАНИЈА

Инаку One Stop Shop победи на годинашниот бизнис форум организиран од меѓународната организција Global woman и лондонскиот магазин Strat-up today. Кошиновска вели дека на настанот се пријавиле водејќи се од идејата и желбата за остварување и реализација на концепотот. Се надевале дека  во конкуренција од над 1.000 квалификувани стартап компании, ќе влезат барем во топ 100 компании. Биле пријавени секаков вид фирми со уникатни концепти за бизнис.


„Кога влеговме во првите 100, веќе рековме дека и ова е супер успех за нас, со оглед на тоа дека постоиме само 4 месеци (во моментот кога се конкурираше). Но кога после неколку селекции влеговме во топ 10, задоволството и среќата растеа уште повеќе. Финалната селекција ја правеше жири составено од потенцијални инвеститори и сите одбрани проекти во топ 10 веќе имаа постигнато многу со самата можност да се претстават пред главните судии и уште повеќе од стотина претставници на VC фондови кои го следеа настапот на секој финалист. Тогаш си рековме дека навистина некој на светско ниво умее и знае да го препознае потенцијалот, идејата и желбата за нешто навистина добро и успешно во овој дел од светот каде што онлајн продажбата е во подем и каде што се уште  нема директно локално присуство на големите светски играчи од овој сегмент како што се Amazon, Aliexpress или ebay, вели Кошиновска.

Претставник на тимот таму била основачот Емилија Долинска за која, како и за Кошиновска ова е ветер во грб за сиот тим, за целата компанија. Тие се доказ дека можно е и од мала земја да има успешни старапи. Самите велат дека оваа награда им е потврда дека се на вистинскиот пат, дека се добри и дека можат уште подобро.

Во иднина планираат да се зајакнат на домашниот пазар и да ги прошират категориите. Секако планираат да се шират и во други балкански земји за каде веќе се почнати проекции со потенцијални локални партнери.  Со ентузијазмот кои го имаат тоа секако ќе биде можно. 

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?