05 Мај, 2024
0.0236

И малите банки добро плаќаат! Која банка на првите тројца им плати 143.000 евра?

Објавено во: Економија 04 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

ЦКБ Банка држи до и плаќа на своите клучни луѓе...На тројцата членови на Управниот одбор лани се исплатени 143.000 евра, а на директорите (раководниот кадар, вкупно 22 лица н.з.) половина милион евра. И тоа во услови кога добивката е 160.000 евра. Затоа лани ЦКБ Скопје има раст на кредити за сектор домаќинства за 14 отсто

Централна кооперативна банка (ЦКБ) Скопје лани во острата конкуренција на мали и средни банки на нашиот банкарски пазар оствари добивка од 160.000 евра. За овој финансиски резултат ЦКБ Скопје лани на тројцата членови на Управниот одбор лани им исплати 143.000 евра, пишува во годишниот извештај за ланското работење на ЦКБ Скопје. Оваа банка лани, пишува во годишниот извештај, исплатила половина милион евра на вработени во раководниот кадар кои имаат посебни права и одговорности (а ги има вкупно 22 лица н.з.).

Од горенавдените податоци се гледа дека ЦКБ Скопје високо го цени и добро го плаќа ангажманот, лојалноста и резултатите на членовите на Управниот одбор и на раководниот кадар во банката. А тоа го покажуваат и следниве факти достапни во годишниот извештај, а кои се однесуваат на ЦКБ Скопје, но и на целиот банкарски систем во земјава. Трошоците за вработените во ЦКБ во однос на вкупните редовни приходи се 42 отсто. Овој сооднос кај големите пет банки е 20 отсто, а на ниво на целиот банкарски сектор е 22 отсто. ЦКБ Скопје е значајно подарежлива кон вработените и во однос на лутата конкуренција на малите банки за кои учеството на трошоците за вработените во вкупните редовни приходи е 35 отсто, а кај средните банки е 31 отсто.


Како работеше лани ЦКБ Скопје?

Добивката по оданочување изнесува 160.000 евра и во споредба со 2018 година е пониска за 11 отсто. Нето приходите од камати се главна приходна ставка и тие изнесуваат 4,53 милиони евра што е за 2 отсто подобро од претходната година. Нето приходите од провизии и надоместоци се 1,23 милиони евра и се за 7 отсто поголеми од 2018 година. Резервациите за кредити на крај на 2019 година се на ниво од 451.000 евра што е за 10 отсто повеќе од крајот на 2018 година.
Според податоците на централната банка активата на ЦКБ Скопје на крај на 2019 година достигна 172 милиони евра и е за 15 отсто повеќе од крајот на 2018 година. Таа има поголема актива од: Еуростандард банка, Капитал банка, Силк роад банка и од ТТК Банка. ЦКБ Банка е во доминантна сопственост на бугарската Централна кооперативна банка која поседува 87,35 отсто. Таа пред неколку години ја купи „Силекс банка“.
Вкупното (бруто) кредитно портфолио на ЦКБ Скопје на крај на 2019 година изнесува 111,3 милиони евра и тоа е за 7 отсто повеќе од претходната година. Во кредитното портфолио на ЦКБ Скопје доминираат кредитите кон домаќинствата. Нивниот износ на крај на ланската година е 92,4 милиони евра што е за 11,1 милиони евра односно за 14 отсто повеќе од 2018 година.

На страната на депозитите на нефинансиските субјекти состојбата на крајот на 2019 година е следна: од вкупно 116,8 милиони евра најзначајно е учеството на домаќинствата со 100 милиони евра.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?