И охриѓани на денот на изборите ги очекува референдум за мигрантите
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017
Прашањето со бегалците кое се поочигледно е наметната тема ќе бара од охриѓани на референдум да се изјаснат за или против мигранти.
Веќе еден месец ширум државата се крева паника дека Македонија ќе гради бегалски згради за мигранти. Факт кој неколку пати е демантиран од ресорната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска.
И покрај тој факт 13 гласа беа ЗА и два воздржани па советот на општина Охрид ги изгласа иницијативата и предлог одлуката за распишување на референдум во врска со прашањето за мигрантите.
Тоа значи дека граѓаните на Охрид на локалните избори ќе треба да одговорат на уште едно прашање.
Од опозицската ВМРО ДПМНЕ велат дека од туристички центар некој сака Охрид да го претвори во бегалски камп додека СДСМ пак овој референдум е измислица со цел да се манипулира со граѓаните.