10 Мај, 2024
0.0289

И овоштарите добија субвенции

Објавено во: Агробизнис 24 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Вкупно 4.837 земјоделци добија субвенции во висина од 146,6 милиони денари за одржување површини со овошни насади.Финансиската поддршка изнесува од 15.000 до 33.000 денари по хектар, во зависност од видот на овошната култура. Субвенции добија земјоделците кои одгледуваат круша, вишна, јаболко, праска, кајсија, цреша, дуња, мушмула, слива, калинка, смоква, аронија, боровинка, рибизла, малина, капина, јагода и други видови овошки низ цела територија на Република Македонија, соопштуваат од Министерството за финансии. Претходно дури и предвремено беа исплатени субвенциите и за тутун, грозје, градинарски култури, а сите исплати се направени во предизборен период.