fake panerai watches И Самсунг сака да работи со владата
02 Мај, 2024
0.0453

И Самсунг сака да работи со владата

Објавено во: Анализа 16 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Производителот на паметни телефони Блекбери пред неколку години беше најжежок телефон кој секој бизнисмен мора да го има. Денеска и бизнисмените и децата имаат Самсунг или Ајфон, Блекбери ја изгуби битка, но со новиот телефон се надева дека нема да ја загуби војната.

Но според информациите кои доаѓаат од САД може да изгуби еден многу значаен муштерија а тоа е Федералното Биро за Истраги или ФБИ како што сите ние го знаеме. Оваа институција има 35.000 вработени што само по себе значи огромен пазар, но постои и уште една работа, престиж е да работите со ФБИ. Оваа владина агенција асоцира на безбедност, а токму и тоа го бара од нејзините доставувачи. И покрај тоа што серијата Галакси на Самсунг е многу понапредна сепак кај надлежните сеуште има многу дилеми дали оперативниот ситем Андроид е доволно безбеден. Од ФБИ велат дека со оглед на тоа што го работат приоритетот е безбедноста и кога ќе се носи одлука кој телефон да го одберат, главната тема ќе биде кој оперативен систем е подобар. Интересно на шпекулациите дека можна промена на добавувачот на телефони и двете компании не коментирале ништо, со тоа што надлежните од Блекбери излегле со соопштение дека сметаат дека нивниот оперативен систем е убедливо најбезбеден на светот. Инаку поголемиот број на владини агенции во САД, веќе подолг период работат со Блекбери. Сепак и преку океанот се води голема борба за тоа ќе ја работи зделката во која државата е главниот плаќач. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад