03 Мај, 2024
0.4811

И власта и опозицијата дадоа согласност да се гласа за продолжување на породилното отсуство

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Членовите на  собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците се согласни Собранието да расправа за промена на Законот за работни односи во делот кој го уредува времетраењето на породилното отсуство, поднесена од група граѓани. Граѓанската иницијатива бара продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци.

Расправата започна со забелешка на претседателот на Комисијата Александар Кирацовски кој рече дека има пропуст во иницијативата во која наместо да се бара промена на член се бара промена на закон за породилно отсуство каков што нема во земјава.

- Проблемот не е во содржината на иницијативата, јасно ни е за што станува збор и даваме целосна подршка. Единствен пропуст е што ние не менуваме закон за породилно отсуство затоа што таков закон не постои, рече Кирацовски.

Во името на 270 граѓани кои се потпишале за доставување на овој предлог зборуваше овластениот предлагач Снежана Кузмановска, која рече дека дека овој пропуст е ненамерна грешка.

Подршка за иницијативата даде и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

- За нас иницијативата е уредна и ние ќе ја прифатиме. Јасно е дека се работи за член од закон, што потоа може со амандман додавка да биде посеопфатен, рече Милошоски.

По паузата пратениците ќе гласаат за инцијативата.

За иницијативата денеска требаше да расправа и Законодавно -правната комисија, но оваа комисија не заседаваше.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?