Идната година ќе ги укинат квотите за странски работници
Објавено во: Економија, Балкан 19 Јуни, 2019
Хрватскиот министер за работа и пензиски систем, Марко Павиќ најави дека од идната година ќе ги укинат квотите за странски работници, а газдите ќе мора работници да бараат на домашниот пазар.
Од работодавците имаше предупредување дека во туризам и градежништво им фалат 5.000 странски работници.
Политиката на сегашната Влада е да ја активира домашната работна сила, а увиделе дека има 1.600 луѓе од туристичките занимања кои сакаат да работат.
За неколку дена над 600 луѓе се вработени.
Невработените кои 3 пати ќе одбијат преквалификација, вработување или усовршување, ќе бидат избришани од евиденцијата на невработени. Според Павиќ такви луѓе сега има повеќе од порано.