02 Мај, 2024
0.0294

Илиевски од второпласиран, успеа да ја победи Габер во трката за Стразбур

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Илиевски од второпласиран, успеа да ја победи Габер во трката за Стразбур

Обвинителот Јован Илиевски е третиот претставник од Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. За него гласале 106 пратеници од Парламентарното собрание на Советот на Европа, а неговата противкандидатка, судијката во Уставниот суд Наташа Габер, доби 86 гласа.

Гласањето е тајно, па ќе остане енигма кои пратеници го дале својот глас за Илиевски, а кои за Габер. Затоа што претходно Комисијата за избор на судии и даде предност на судијката Габер, како најквалификуван кадар од Македонија. Телевизијата 24 вести објави дека на гласањето му претходела силна лоби активност на десничарските партии во Советот на Европа.

Јован Илиевски 18 години е во обвинителството на Марко Зврлевски, а со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ тој стана шеф на одделот за борба против организираниот криминал и корупција, каде што се уште е на функција. Илиевски, Социјалдемократите во повеќе наврати го обвинија за недоследност во одлуките, а како причина за тоа ја поврзуваа роднинската врска со поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков

Мандатот на Јован Илиевски ќе трае 9 години без право на реизбор. На должност ќе стапи во јануари. Тој на таа позиција ја наследува судијката Мирјана Лазарова Трајковска, која на функцијата стапи на 1 февруари 2008 година. Пред Трајковска судија во Стразбур беше Маргарита Цаца Николовска која за оваа престижна функција беше назначена во 1998 година.

Комисијата за избор на кандидатите оваа година беше во состав: Никола Попоски, министер за надворешни работи, Вангелина Маркудова, судија на Уставниот суд на Република Македонија, Зоран Караџовски, претседател на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Сулеjманов, член на Совет на јавни обвинители на Република Македонија, Илија Ристовски, државен секретар во Министерството за правда и Ибер Села, професор од Правен факултет на Тетовскиот Универзитет.

Каде ќе се вдоми Илиевски во следните четири години?

Европскиот суд за правата на човекот е институција на Советот на Европа што го санкционира секое кршење на Европската конвенција за правата на човекот, која ги гарантира фундаменталните права на околу 800 милиони Европејци.

Тоа е меѓународен суд со седиште во Стразбур. Бројот на судии е еднаков на бројот на земји - членки на Советот на Европа што ја ратификувале Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи – во моментов, тој број изнесува 47.

Непристрасноста на судиите од Европскиот суд за правата на човекот и избегнувањето надворешни притисоци е гарантирана со висока плата, но затоа, пак, тие мора сами да склучат социјално, пензиско, старосно, инвалидско и здравствено осигурување. Советот на Европа им ги покрива трошоците за службени патувања, но судиите треба да живеат недалеку од судот во Стразбур.

Судиите при Судот заседаваат во лично својство и не претставуваат ниту една држава. При разгледувањето на жалбите на Судот му помага Секретаријат, составен од правници од сите земји - членки. Тие се потполно независни од земјата од која потекнуваат, и не ги претставуваат ниту жалителите, ниту државите.

Европската конвенција за заштита на човековите права е меѓународен договор што може да го потпишат само државите-членки на Советот на Европа. Конвенцијата, со која се oснова Судот и со која се утврдува начинот на неговото функционирање, содржи листа на права и одредби што државите се обврзале да ги почитуваат.

Задача на Судот е да следи дали државите ги почитуваат правата и одредбите утврдени со Конвенцијата. Таа задача Судот ја врши преку разгледување на жалбите што ги поднесуваат физички лица, или во одредени случаи, држави. Кога ќе утврди дека некоја од земјите - членки повредила едно или повеќе од тие права и одредби, Судот донесува пресуда.  Пресудите се со обврзувачки карактер: државите на кои се однесуваат донесените пресуди имаат обврска да постапат во согласност со нив.

Жалба до Судот може да поднесе секој, доколку смета дека лично и непосредно бил жртва на повреда на некое од правата и одредбите што се утврдени со Конвенцијата. Повредата мора да е извршена од страна на некоја од државите што ја ратификувале.

Со Конвенцијата, се заштитуваат, пред сè, следните права: правото на живот; правото на правично судење во граѓанска и кривична постапка; правото на почитување на приватниот и семејниот живот; слободата на изразување; слободата на мисла, совест и вероисповед; правото на ефикасен правен лек; правото на мирно уживање во сопственоста; и правото на глас и учество во избори.

За да се поднесе постапка пред Судот во Стразбур, мора да се исцрпат сите правни лекови во државата против која се жалите. Жалбата може да се  поднесе само во рок од шест месеци од денот на конечната одлука на домашно ниво (обично тоа е датумот на пресудата на највисоката надлежна судска инстанца). По истекот на тој рок Судот не може да ја прифати жалбата.


Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај