07 Мај, 2024
0.0219

ИМА ДОБРА ПРИЧИНА: Не купувајте авионски билети во петок!

Објавено во: Стил 16 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Најлошиот ден за купување на авионски билет е петок. Ова го открива The Independent, повикувајќи се на анализа на цените на глобално ниво.

Истражувањето покажува дека во последниот ден од работната недела вредноста на билетите е со 13% поскапа од онаа во неделата.

Најверојатната причина за ова е дека луѓето кои го планираат својот одмор во странство требало да побараат намалувања во текот на викендот.

Според специјалисти, патниците во рамките на Европа добиваат најниска цена за билетите, доколку ги резервираат 140 дена порано.