26 Април, 2024
0.0731

Има ли пилот во авионот? Нема, ама нема ни патници

Објавено во: Економија 08 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Технолошките компании се подготвени да развијат софтвер со кој на авио превозниците ќе им овозможат развој на авиони без пилоти. Можеби звучи како шегата од познатата филмска пародија „Има ли пилот во авионот“, но прашање е кој навистина би сакал да лета со таков вид на авиони кои самите се управуваат. Дали воопшто некој би се осмелил воопшто да издаде дозвола за оперирање на беспилотни авиони кои би се управувале далечински со смарт софтвер. 

Ова ќе бидат сериозни прашања за дебата кои се очекува да се отворат во наредните десетина година бидејќи технологијата неизбежно е дека ќе се развива во тој правец што може да се види од рапидниот развој на дронови и автомобили со софтвери за асистенција на возачите како и целосно самостојни автомобили за сообраќај на Google и транспортни камиони без шофери на Waymo. 

Авио компаниите секако, би сакале авиони без пилоти бидејќи на тој начин драстично би ги намалиле трошоците за плати. Според повеќе анализи се очекува професии како шофери и пилоти да се намалат драстично во наредните децении со тоа што би биле заменети само со софтверски оператори. Но, да се добие довербата на јавноста и патниците ќе биде многу тешко, без оглед колку и новите технологии да се сто посто безбедни и сигурни. 

На крај математиката ќе се сведе на следново, авио компаниите ќе ги намалат трошоците сигурно, можеби на почеток дел од патниците ќе негодуваат и ќе одбегнуваат да летаат, но падот на корисници нема драстично да влијае на приходите. Според анализите на UBS авио компаниите би заштедиле неверојатни 35 милијарди долари годишно со беспилотните авиони.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра