Има ли СДСМ јајца за кршење?
Објавено во: Македонија 13 Април, 2017
Има ли крај на конститутивната седница на собранието. Иако од СДСМ најавија дека ќе влезат во поодлучна битка за разрешување на собраниските дилеми, дали ќе има или ќе нема избор на собраниски спикер, тоа вчера не се случи.
Наспроти најавите за поодлучност се се заврши со најавата за кршење со јајца за време на велигденските празници. По празниците ќе се кршат копјата во собранието.
Како и да е ќе минат уште најмалку 5 дена додека пратениците се вратат во собраниските клупи. Забавата тогаш ќе може да продолжи. За оние на кои им е забавно.
Главна тема на расправата беше платформата на трите партии на Албанците во Македонија и употребата на албанскиот јазик.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и натаму се за целосно отфрлање на „тиранската платформа“ и избор на нова влада на чело со СДСМ или за нови предвремени парламентарни избори.
За дискусија по третата точка од дневниот ред на оваа собраниска седница остануваат уште 44 пријавени пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Експертите се убедени дека ова може да трае до недоглед.
Најавата на СДСМ за кршење по Велигден останува. Прашањето е само, дали имаат јајца?