ИМА НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КИДНАПИРАНИОТ САМОИЛ, НО НЕ СМЕАТ ДА СЕ СООПШТАТ - Спасовски вели дека истрагата напредува
Објавено во: Македонија 25 Март, 2023
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека МВР има нови информации околу киднапирањето на Самоил, по кој се трага веќе 20 дена. Запрашан до каде е истрагата, тој денеска изјави дека има нови информации но не можат да се соопштат јавно за да не наштетат на истрагата.
Самоил Костадиновски исчезна на 4-ти март. Последен пат е виден во близина на Чешката амбасада. Обвинителството води постапка против двајца за кривично дело грабнување на кои им е определена мерка притвор.Сивиот опел во кој киднаперите го возеле момчето, е запален и целосно изгорен.