ИМА НОВО ИМЕ: Плоштадот во Загреб повеќе не се вика Маршал Тито
Објавено во: Балкан 01 Септември, 2017
Плоштадот во главниот град на Хрватска, Загреб е преименуван.
Советниците во градското собрание на градот Загреб синоќа по долга расправа донесоа одлука за преименување на Плоштадот Маршал Тито во Плоштад Република Хрватска.
„Името Маршал Тито на еден од најубавите загребски плоштади замина засекогаш во историјата“- пишува весникот „Вечерњи лист“.
Одлуката била донесена со 29 гласа за, 20 против и еден воздржан.