Има острови кои се 1000 пати порадиоактивни од Чернобил или Фокушима
Објавено во: Свет 24 Јули, 2019
Постојат острови кои се 1000 пати порадиоактивни од Чернобил или Фокушима.
Според најновата студија коja ja направија научници од Универзитетот Колумбија, одредени подрачја на Маршаловите острови, каде по Втората светска војна САД спровеле 67 нуклеарни испитувања, покажуваат високо ниво на зрачење.
Научниците откриле радиоактивни елементи во 38 примероци од земја земени од 11 различни острови. Најголема доза зрачење пронајдена е на островот Бикини, каде САД го спровеле најголемиот тест за хидрогенска бомба, а подоцна потопија десетина радиоактивни бродови.