ИМА ПОВРЕДЕНИ: Земјотрес стресе неколку француски градови
Објавено во: Свет 11 Ноември, 2019
Четири лица, од кои едно посериозно се повредени во Франција откако земјата ја погоди умерен земјотрес.
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е регистриран во близина на Монтелимар во Дром-Франција.
Епицентарот бил на 10 километри од Монтелимар, а потресот е почувствуван во Лион, Монпелје, Сен-Етјен, Гренобл, Авињон и Марсеј.