02 Мај, 2024
0.0250

Имате болки во стомакот: Со хеликобактерии е заразен половина свет

Објавено во: Стил 04 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Половина население во светот низ животот добива инфекција „Хеликобактер пилори“.

Хеликобактер пилори е бактерија, откриена во 1982 година од страна на двајца австралиски научници, за кое откритие тие добиваат Нобелова награда во 2005 година.

Речиси секој втор човек има некакви поплаки од стомакот. Некои се жалат на честа тежина, други дека ги измачуваат киселини, трети дека има болка, печење во областа на желудникот, некои велат дека имаат чувство за оток во стомакот. Сите овие симптоми, според гастроентерохепатолозите, покажуваат воспаление на слузницата на желудникот, кое може да биде во акутна форма или да премине во хронична форма.

До 1982 година се сметало дека овие поплаки се последица на стрес, кисела храна и лошите навики, како пушењето и алкохолот. Денес се знае дека најчеста причина за оваа инфекција е бактеријата Хеликобактер пилори (XP), која го „јаде“ желудникот.

Хеликобактер пилори живее во слузницата на желудникот кај човекот. Оваа бактерија може да предизвика различни воспаленија на желудникот и дуоденумот, чир на желудникот, лимфом и рак.

Хеликобактер го предизвикува едно од најчестите хронични заболувања кај човекот. Бактеријата во 80% од случаите не предизвикува никакви симптоми - нема болест, но е причина за бројни болести како воспаление на желудникот и дуоденален улкус. Се појавува со абдоминална болка, печење во областа на желудникот, киселини, чувство на надуеност, гадење и повраќање.

Ако болеста не се лекува на оваа фаза, таа преминува во хроничен гастритис и дуоденитис, што може да доведе до појава на чир на желудникот и на дванаесетпалачното црево. Овие заболувања можат да бидат опасни по живот, ако настане пробив - перфорација, крварење и појава на црна столици, како и повраќање на црна содржина како талог од кафе.

Како може да се заразите со хеликобактер?

Повеќето луѓе ја стекнуваат оваа инфекција уште во детството. Влошениот социо-економски статус ги зголемува шансите за инфекцијата. Често е тешко да се утврди точниот пат на пренос, бидејќи инфекцијата може да преживее со години без симптоми и често се дијагностицира подоцна во животот. Контаминираната храна (свежо загадено овошје, зеленчук), нечиста вода и загадени раце се најчестите патишта на пренесување на оваа инфекција (фекална-орален).

Со истражувањето е докажано дека во мал процент може да се развие рак на желудникот. 80% од заразените луѓе немаат никакви симптоми и бактеријата не предизвикува никаква болест. Земјите со низок стандард на живот имаат повисок процент на морбидитет (некои области во Африка, дури и до 90%). Истражувањето се врши со високо чувствителни тестови и во нашите клиники.

Не сите позитивни (Хеликобактер пилори) пациентите се лекуваат. Под третман треба да бидат пациенти со одредени симптоми (гастритис, воспаление на дуоденумот, пациенти со чир на желудникот, дуоденумот, оперирани од рак на желудникот,, идиопатска тромбоцитопенија).

Оваа терапија вклучува третман со два различни антибиотика и инхибитор на протонската пумпа, со што се намалува лачењето на желудечната киселина. По десетдневна тројна терапија третманот продолжува само со инхибитор на протонската пумпа за одреден период на време. Ако бактеријата се уште постои и покрај редовно користената терапија, пациентот има и уште симптоми, тогаш се повторува тројната терапија со замена на еден од антибиотиците или пак се користи итн четиривалентна терапија во која влегува и бизмут.

Се користат повеќе варијанти на антибиотици и инхибитори на протонска пумпа кои имаат различна ефикасност. Најчесто користени антибиотици се: кларитромицин или азитромцин во комбинација со амокисицилин и метронидазол за пациенти алергични на пеницилин. Во последно време се почесто се користи и левофлоацин кој има доста добро антихеликобактерна акција. Инхибитори на протонска пумпа, која најчесто се користат се: омепразол, пантопразол и сегашниот есомепразол.

Од ден на ден расте антибиотската отпорност на бактериите, тоа ја наметнува стратегијата за уништување на хеликобактер-инфекцијата треба да премине кон превенција на желудникот од оваа бактерија. Познати се истражувањата кои откриваат антихеликобактер-дејството на брокула, црвеното вино, лук, зелениот чај, како и на пробиотиците и флавоноиди.

Како се лекува инфекцијата со хеликобактер?

Оваа бактерија е доста отпорна на примената на стандардната антибиотска терапија, бидејќи самите антибиотици не се доволни за успешно лекување. Потребно е истовремена употреба на лекови кои го спречуваат лачењето на киселина во желудникот и комбинација од два антибиотика во одреден временски период.

Има договорени терапевтски протоколи кои ја дефинираат употребата на соодветни лекови, и кои најчесто се применуваат во клиничката пракса. Денешните мислења се третираат од 7-14 дена со тројна терапија.