Инцидент во Кривичен, интервенирала полицијата
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2016
Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, попладнето се случи инцидент кој бил решен откако дошла полицијата.
На инцидентот му претходела нервозна и крајно тензична дискусија која била во насока на жестоки напади од вработените кон претседателот на судот, Владимир Панчевски.
Во една таква атмосфера, вработена во судот на висок тон побарала да не се напаѓа и клевети Панчевски, на што еден вработен превртел биро и се втурнал кон вработената за која се зборува дека е во блиски односи со Панчевски, кој повикал полиција.
За инцидентот било известено и Јавното обвинителство. Оттаму им било одговорено дека не можат ништо да преземат, односно дека сé ќе се заврши со прекршочна пријава.
Од судот тврдат дека настанот не е поврзан со Панчевски.
Судиите од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, бараат заштита од претседателот Владимир Панчевски, но и негово санкционитрање
Петицијата која повеќе од една седмица се потпишуваше од судии од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а на која свој потпис ставија 15-ина судии-кривичари денеска е доставена во Судскиот совет.