Добивај вести на Viber
Со освоено 12-то место САД повеќе не е на листата на водечки 10 најпросперитетни држав. Оваа листа се прави се прави според богатство и благосостојба на граѓаните. Ова го покажува годишниот индекс на просперитет, кој го составува советодавната организација „Легатум институт“.
Најдобро рангирани се три скандинавски земји - Норвешка и Данска кои ги задржаа водечките позиции кои ги имаа и во 2011, и Шведска која ги престигна Австрија и Нов Зеланд и се најде на третото место.
Останатите во првата десетка се Канада, Финска, Холандија, Швајцарија и Ирска. На последното место меѓу 142-те земји на листата е Централноафричката Република.
Македонија се наоѓа на средина на листата - на 75 место. Подобро рангирани од Македонија се Словенија на 24 место, Хрватска на 50 и Црна Гора на 57-то. Зад земјава се Србија на 79 место, Албанија и Босна и Херцеговина на 92 и 99 место.
Индексот на просперитет се креира во последните шест години и се заснова на осум категории меѓу кои се економската сила, образованието и раководењето со земјата. Индексот покрива 96 проценти од светската популација и претставува обид за поширока економска дијагноза на земјата, покрај индикаторот како што е бруто домашниот производ. Светскиот индекс за просперитет на државите го објави британскиот „Гардијан“. Во предвид се земаат економијата, социјалниот капитал на државата, јавната управа, личните слободи и права, здравството, образованието, безбедноста и условите за претприемаштво.
Извештајот покажа дека и во време на најголемата светска криза од Големата депресија во 1930 година, глобалниот просперитет пораснал во сите региони во изминативе 4 години, иако чувството за безбедност е загрозено поради тензиите на Блискиот исток и стравот од криминал во Латинска Америка.