ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВОЗАЧИТЕ: Магла и снег на повеќе патни правци
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2018
Сообраќајот во земјава се одвива по влажни коловози.
Поради појава на магла намалена е видливоста на Плетвар од 50 до 100 метри.
Низ целата земја врне дожд, додека снег врне во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Павлешници и Кула, информираат од АМСМ.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.