27 Април, 2024
0.0301

ИНИЦИЈАТИВА: Посебен даночен режим за холдинг друштвата за економски раст

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија иницираше подетално и експлицитно законско нормирање на класичниот холдинг во Република Македонија, што подразбира и потреба за доуредување на определени прашања во материјалното законодавство, но и соодветни измени на даночната регулатива по примерот на земјите од регионот, но и од Европската унија.

Под холдинг, односно концерн, се подразбира облик на поврзување на повеќе трговски друштва, кои се независни правни субјекти, односно самостојни правни лица, по пат на хоризонтална или вертикална интеграција, кои се поврзуваат преку учество во основниот капитал или содружничките удели и врз основа на договор. 

Во постојната законска регулатива на Република Македонија, холдингот, односно концернот, како посебна форма на организирање и работење на трговските друштва не е изречно дефиниран. Законот за трговските друштва е заснован врз постулатот за независноста на трговските друштва, т.е. врз начелото на автономија на едно трговско друштво наспроти друго. Поточно, македонското право на друштвата е засновано врз два постулата. Првиот постулат е оној за независноста на друштвата. Друштвото се третира како правен ентитет кој има самостојна егзистенција во однос и наспрема другите друштва. Вториот постулат е оној за хомогенизација на групата што ја сочинуваат содружниците, односно акционерите на друштвото.

Речиси сите европски законодавства ја нормираат можноста за поврзување на трговските друштва во обликот на холдинг. Дополнително, во европските законодавства, во кои е нормирано работењето на холдингот, уредени се повеќе даночни повластувања. Речиси во сите наведени законодавства предвидено е 100 отсто ослободување од данок на дивиденди и капитална добивка, многу често и без притоа да се бара минимален временски период на сопственост на акциите или услови за минимален удел поради оданочување.

- Поради наведеното, предлагаме функционирањето на холдинг-компаниите, терминолошки да се усогласи во законската регулатива која го уредува поврзувањето на трговските друштва во Законот за трговски друштва, каде што и сега се уредени поединости за функционирањето на холдинг-компаниите (односно согласно постојната терминологија: поврзаните друштва), поврзани со контрола и надзор над нивното работење, известување,управување, поднесување на финансиски извештаи и водењето на деловни книги- велат во Стопанската комора.

Комората предлага во законите со кои се уредува оданочувањето да се уреди посебен даночен режим за холдинг-друштвата, при што уредувањето на овој режим се предлага за своја почетна основа да ги има следните критериуми:

- дивидендите кои фирмата- ќерка ги исплаќа во холдинг-компанијата треба да бидат ослободени од оданочување;

- приходот што холдинг-компанијата го остварува при продажба на учество/удел во фирмата-ќерка да биде ослободен од оданочување;

- салдото на трансферираните парични средства кои по својата економска суштина се заеми, во рамки на холдингот (на пример, од владејачкото друштво на фирмата-ќерка и обратно, сестринските фирми), да не влегуваат во даночната основа при сочинување на даночниот биланс за финансиската година;

- да се создаде законска основа да може распределбата на добивката од работењето од тековната година на фирмата-ќерка која е основана со определен поголем процент на учество од холдинг компанијата (владејачкото друштво),да се евидентира и објави во годишната сметка на холдинг компанијата (владејачкото друштво) во истата година.

- повторно да се уреди можноста трговските друштва кои се поврзани во холдинг-компанијата да може да поднесуваат консолидиран даночен биланс.

Во таа насока, беше и иницијативата која ја поднесе Стопанската комора на Македонија до Министерството за финансии, бр.10-459/1 од 01.03.2016 година, со која се иницираше прашањето за потребата од изменување и дополнување на Правилникот за водење сметководство,во согласност со членот 469 став 2 од Законот за трговските друштва, така што се предложи измените на меѓународните стандарди за финансиски известување (МСФИ и МСС), кои во повеќе наврати се ревидирани и дополнувани од страна на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди, да бидат интегрално инкорпорирани во македонската легислатива.

- Имено, согласно член 469 став 2 од Законот за трговските друштва, меѓународните стандарди за финансиско известување и меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни субјекти се ажурираат на годишна основа за да бидат усогласени со тековните стандарди, така како што се дополнети, изменети или усвоени од страна на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди. Во нашето законодавство, наведените стандарди не се дел од важечкото законодавство во целост, односно после 2009 година, истите не се преведени и како такви, не се објавени во службено гласило на Република Македонија, за да можат да бидат применливи во домашното законодавство. Тоа создава поголеми проблеми во практиката при работењето на деловните субјекти, и тоа како за домашните компании, така и за странските инвеститори, а сето тоа влијае на правната сигурност и воопштво врз интересот на инвестирање и развој на домашното стопанство- укажуваат во Стопанската комора.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра