03 Мај, 2024
0.0273

ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕФОРМИ: Никола Груевски ја краде визијата на реформаторите

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Од внатрепартиска иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ велат дека на вчера одржаната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, за претставување на кандидатите за локалните избори, пред членовите на партијата и пред целата јавност, Никола Груевски презентирал некоја негова визија за како треба да се движи партијата. 

„При тоа, Никола Груевски буквално ги украде јавно презентираните заложби на Иницијативата за реформи на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините декларации, а особено Декларацијата Европско ВМРО-ДПМНЕ за Европска Република Македонија. Добро е што конечно Никола Груевски прифати дека се потребни значителни реформи во ВМРО-ДПМНЕ и ја препозна јасната визија на Реформаторите, сепак потенцираме дека тој нема кредибилитет ниту во партијата, ниту во јавноста да ги реализира овие реформи. Нова визија во партијата и во Република Македонија ќе има, ама без Никола Груевски. Крадењето на една напредна визија за иднината на паријата и државата, само по себе покажува дека Никола Груевски повеќе нема капацитет за лидерство, кое е потребно во овие моменти. Реформите во партијата ќе произлезат од волјата на членството и ќе бидат континуитет на идеалите на историското ВМРО на кое ВМРО-ДПМНЕ е наследник. Новата сила на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа, а во неа нема место за луѓе без идеи и капацитет“ - наведуваат реформаторите. 

Реформите ќе победат, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде модерна и демократска партија за сите граѓани, додаваат во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите