05 Мај, 2024
0.1289

Иницијатива за споделување на знаење во светски рамки - IT Labs пример за останатите компании

Објавено во: Економија 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Ситуацијата со COVID-19 преку ноќ ги смени нештата на речиси сите полиња. Ова значеше неопходна адаптација во сите индустрии и прилагодување на начинот на работа – некои тоа го направија успешно и брзо и го сменија наративот со нов пристап кон нештата. Одличен пример за компанија која не само што брзо се адаптираше туку и направи заложба да придонесе за подигнување на квалитетот и споделување на информации во IT индустријата преку нови иницијативи во овие специфични услови е IT Labs.

За овие новитети разговаравме со директорката за човечки ресурси Фросина Зафировска, како и Генералниот менаџер на компанијата, Костандина - Нина Зафировска. 


Во период кога многу работи стагнираат, вие покренавте нови иницијативи преку кои споделувате содржина со IT заедницата во светски рамкии го подигнувате нивото на едукација. Кажете ни повеќе за овие инцијативи.

Костандина: Се работи за широк спектар на знаење кој го промовираме на различни начини. Целта е да донесеме „свеж воздух“ и го споделиме нашето знаење и искуство во период кога постои стагнација и неизвесност. Оваа иницијатива произлезе од нашиот колектив, а резултираше со создавање на текстови, како и на Вебинар серијали и Подкаст насловен CTO Confessions кои покриваат различни теми. На овој начин на IT заедницата ѝ нудиме корисни информации кои се надеваме дека воедно ќе поттикнат дијалог. Една од целите ни беше да помогнеме во оваа деликатна ситуација, нашиот став е дека со доза инвентивност и труд од речиси секоја ситуација можете да го извадите најдоброто и да придонесете за IT заедницата. Концептот е така создаден да понудиме содржина за читање, гледање и слушање.

Фросина: Би се надоврзала на Костандина со тоа што би сакала да го потенцирам ентузијазмот на целиот наш тим кој континуирано работи на создавање и реализација на широк дијапазон на теми кои привлекуваат внимание. Успеавме да создадеме свежа и тренди содржина во период на несигурност и да споделиме знаење и искуство со светот. Овие заложби се континуирани, нашата цел е постојан раст кој резултира со квалитет и сигурни сме дека овие иницијативи ќе добијат уште поширок обем. Сите оние кои сакаат да го надградат знаењето би ги повикале редовно да го читаат нашиот блог во кој редовно се споделува содржина на теми кои се и тоа како корисни за IT заедницата.

Споменавте што влегува во овие иницијативи. Кој сè придонесува во нивното создавање?

Костандина: Можам слободно да речам дека целиот тим на IT Labs придонесува за овие иницијативи, од членовите на нашиот тим кои несебично споделуваат искуства, како и реномирани гости кои ги имаме во рамки на нашите Подкасти Вебинар серијали, до маркетинг тимот кој ја обликува оваа приказна за истата да им биде лесно достапна на сите. Нашите клиенти исто така учествуваат, докажувајќи ја успешната соработка која ја имаме со нив со години.


Фросина: Преку овие иницијативи може да се согледа една од нашите најголеми вредности како компанија, а тоа се луѓето кои се движечката сила сите овие 15 години на постоење. Она што произлезе како идеја одвнатре, добива размер во светски рамки и можеме да бидеме горди што имаме луѓе кои го споделуваат своето знаење со светот.

Кажете ни повеќе околу идејата и реализацијата на Вебинарите.

Костандина: Концептот кој го изградивме е да имаме два Вебинари месечно, преку кои ќе споделиме корисна содржина, совети и ќе поттикнат дискусија. Нашата цел не е само да посочиме решенија, туку да разговараме на темите – тие се начин да размениме искуства во период кога можеби ни се потребни повеќе од било кога. Достапни се на нашиот YouTube канал, така што секој што немал можност да ги гледа во живо, може да надомести на овој начин.

Фросина: Би надополнила дека прилично сме задоволни од фидбекот што го добиваме од домашната IT заедница, имаме голем број на посетители од нашата земја кои ги следат Вебинарите и верувам дека тоа ќе добива уште поголемо внимание со следните теми. Редовно споделуваме детали за темите и гостите на нашите социјални мрежи како Facebook, Linkedinи Twitter, така што би ги повикале сите оние кои сакаат да се едуцираат да нé следат и секако да се вклучат како гости на Вебинарите.

Кон ова се надоврува и вашиот подкастCTO Confessions.

Фросина: Подкастот е место на кое светски професионалциги споделуваат своите „исповеди“ односно искуства на различни теми од своето поле, а најчесто се тоа луѓе кои се или биле на позиција CTO (Chief Technology Officer). Два пати месечно имаме нови епизоди со содржина која е мошне интересна, а водител на истиот е ТЦ Гил, кој воедно е водител и на Вебинарите. Целта и овде е да создадеме медиум кој ќе им помогне на останатите да стекнат искуство во темите, но воедно и да поттикнеме дебата за истите. Сите епизоди можете да ги слушнете на нашите канали на SoundCloud,и iTunes.


Годинава споменавте дека славите 15 години постоење. На што сте најмногу горди од постигнатото?

Фросина: Постојат многу работи што би ги истакнале. Јас лично како една од работите на кои сме најмногу горди би ги посочила луѓето, нашиот тим, сочинет од професионалци кои ја сакаат својата работа и постојано се надградуваат. IT Labs вложува во секој индивидуалец, можностите за секој се огромни, но ги прилагодуваме да одговараат на индивидуата. Ние сме во континуиран 

раст, што во период како што е сега, го сметаме за потврда за нашите вредности и квалитетот на работата.

Костандина: Навистина сме горди што во ваков период, ние броиме успеси, нови проекти, задоволни клиенти и тим што расте. Иницијативите што во моментов ги правиме за да го споделиме нашето знаење се уште еден показател за вредностите по кои се водиме. Всушност, сигурни сме дека за 15 години отсега, ќе зборуваме за IT Labs како уште поголема приказна во светски рамки.  


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?