26 Април, 2024
0.0278

Шверцот меѓу Косово и Србија придружуван со конвој

Објавено во: Балкан, Економија 03 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Алтренативните или “дивите“ патишта кои од Србија водат кон Косово се претворени во вистински слободни линии за шверц, ова по повеќе месечно истражување го откриле новинарите на “Insajder“. Камионите кои превезуваат роба од Србија во Косово и денес поминуваат илегално, бидејки тоа им е овозможено, но и поради фактот дека на истиот премин за Еулекс и српската страна се применуваат различни правила, објаснето е во вчерашниот „Insajder“. Според изјавата на шефот на Еулекс на Косово Газвие де Марњак, во прашање е шверц,  доколку стоката се превезува по алтернативните правци, истакнувајки дека одговорноста за овој проблем е поделена и на Србија и на Косово. Додека портпаролката на Еулекс, вели дека Еулекс на Косово се однесува токму онака како што е договорено во Брисел во врска со воспоставувањето на единствен царински премин, потенцирајки  дека сите алтернативни правци се илегални. Иако свесни за тоа што се случува, според „Insajder“ стоката и понатаму се превезува на овој начин, бидејки како што наведуваат тие во нивниот напис,српската страна тоа упорно го игнорира. Ситуацијата на преминот Рудница која од страната нс Косово се вика Јариње е вистински парадокс кога станува збор за контролата на стоката која од Србија оди во Косово, возчите на камиони на преминот Рудница според „Insajder“, добивале само завeрен документ во кој стоело дека стоката од Србија оди во Косово. Понатаму камионите го игнорирале патот до пуктот на Еулекс кој води до преминот Мердаре каде според правилата стоката би била евидентирана дека е влезена во Косово. Но возачите формирале конвој и физички се враќале во Србија, а оттаму илегално во правец кон Косово. -Се работи за тоа дека припадниците на нашата српска заедница го бојкотираат тој премин поради присуството на органите на власта, односно таканаречените косовски институции. Се со цел да не се изврши не сакана злоупотреба на повраќање на стоката на територијата на централниот дел на Србија. Затоа припадниците на  нашата полиција создаваат колона на неколку автомобили за да се осигурат дека стоката ке ја премине административната линија, самиот тој конвој ги прати се до линијата, објаснил за „Insajder“Раде Милич в.д. раководител на Штабот МУП на Србија за Косово. Сепак скриените камери на „Insjader “ зборуваат за  друга слика, односно 200 метри подолу од формалното место каде завршува придружбата на конвојот се наоѓал паркинг кој бил претворен во неформален пазар каде од големите камиони во помали комбиња била префрлана стоката. Тој простор, секако е под надлежност на српската полиција. Според објавите на „Insajder“ стоката која велгува во Косово не е царинета и може да биде криумчарена во јужниот дел. На тој начин поединци од Србија и од јужниот дел на Косово со години си делат профит на штета на буџетот.  

Можеби ќе ве интересира

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари