27 Април, 2024
0.0280

Инспекторатот за транспорт одзема осум возила и издаде 18 казни за законски прекршоци

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Државниот инспекторат за транспорт, во текот на јануари 2013 година извршил 381 инспекциски надзор, по кои издал 18 покани за наплата на глоба и 28 платни налози за лицата кои ги прекршиле законските одредби, поднел 79 барања за поведување прекршочна постапка до надлежните судови, и до надлежната комисија за прекршоци, информираше Министерството за транспорт и врски. Според соопштението од Министерството, заради констатирани нерегуларности, во текот на минатиот месец се одземени осум возила со кои се вршел незаконски јавен превоз на стока и патници без дозвола, односно лиценца. „Државниот инспекторат за транспорт согласно Законот за јавни патишта во континуитет врши инспекциска контрола во однос на изградбата, одржувањето и заштитата на патиштата  и   патниот појас, мостовите, сигнализацијата, опремата  на патиштата и врши проверка на оптоварување на патиштата од возила. Редовно се вршат и акциски контроли согласно Законот за превоз во патниот сообраќај на сите автобуски станици во Република Македонија каде се следи редовноста и уредноста на меѓуопштинските и меѓународните линии како и исполнување на соодветните техничко-експлоатациски услови на возилата со кои се извршува превоз на патници“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски. Во него се додава дека во соработка со Царинската управа и Граничната полиција, Државниот инспекторат за транспорт врши контрола на влез и излез на граничните премини и за сите констатирани неправилности ги презема соодветните законски санкции.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра