27 Април, 2024
0.0286

ИНТЕРВЈУ БОРЗАН: Докажавме дека некои светски брендови немаат ист квалитет во побогатите и посиромашните земји

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Хрватската европарламентарка Билјана Борзан е една од најзаслужните за истражувањето кое покажа дека чоколадите, детската храна, прашоците за перење, супите, соковите или средствата за лична хигиена од познати светски брендови не се со ист квалитет во, условно кажано, побогатите и посиромашните земји.

Истражувањето спроведено во Хрватска покажа дека само кај 4 од 26 тестирани производи, немало разлика ни во квалитет ни во цена во споредба со истите кои се продаваат во Германија.

Со европратеничката од редовите на хрватските социјалдемократи поразговаравме за тоа како дојде на идеја да спроведете истражување за споредба на квалитетот и составот на производите кои се продаваат на пазарите во Западна Европа и во останатиот дел од континентот?

- Кога го започнав мојот мандат во Европскиот парламент, бидејќи јас се занимавам со потрошувачки прашања, граѓаните почнаа да ми се обраќаат и за оваа тема, и тоа со многу силни емоции. Во тоа време мојата колешка од Чешка Олга Сехналова веќе истражуваше и сметавме дека е најдобро да се направи научно истражувањо за јасно да се идентификува проблемот и да добиеме, црно на бело, неспорни резултати со кои ќе можеме да настапиме пред Европската комисија.

Фактор: Македонските официјални институции велат дека не прават вакви анализи бидејќи за нив требаат големи финансиски средства. Каде најдовте пари, како обезбедивте финансии за ова истражување?

Борзан: Истражувањето го финансирав од фондот што го имам на располагање како европарламентарка, а кој поголем дел од пратениците го троши на промотивни материјали и на огласување. Иако истражувањето е скапо, сепак би рекла дека тоа се добро потрошени пари бидејќи само две недели по неговото објавување, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер најави борба за еднаквост на потрошувачите во целата ЕУ.

Фактор: Сметате ли дека резултатите кои ги добивте за хрватскиот пазар се однесуваат и на македонскиот? Дали македонските потрошувачи, исто така, се потрошувачи од втор ред и добиваат производи со послаб квалитет?

Борзан: Многу веројатно, да. Верувам дека е потребно членството во ЕУ за да се реши овој проблем за нашиот пазар. Овој проблем трае со децении.Често ме контактираат граѓани од БиХ и од Србија со прашање дали европските решенија ќе се применат и кај нив, но за жал, тоа не е случај. Членството во ЕУ е предуслов за примена на законите на ЕУ, па со тоа и за потенцијалното решение на овој проблем.

Фактор: Како реагираа мултинационалните компании на вашето истражување, дали соработуваа или имавте препреки?

Борзан: Објаснувањата кои ги пласираат преку медиумите не се уверливи. Воглавно тврдат дека станува збор за различна рецептура. Тоа го тврдам и јас, но тогаш немојте производот да го огласувате и да го пакувате исто како во Германија ако не е ист! За време на истражувањето внимававме се да биде максимално транспарентно за да не може да се оспорат резултатите. Се уште никој не најде замерка, а сигурна сум дека се помачиле да најдат.

Фактор: Што мислите за нивниот одговор дека ги прилагодуваат производите на традицијата, вкусовите и навиките на населението на одредена земја?

Борзан: Преференците на потрошувачите можам да ги сфатам како аргумент, но во некои случаи тоа не држи вода. Кое истражување покажува дека Хрватите повеќе сакаат детергенти кои послабо перат, или, пак, дека бебињата во Хрватска повеќе ја сакаат кашичката со помалку омега 3 масни киселини, кои се важни за нивниот развој?

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“