02 Мај, 2024
0.0270

Интервју Божиновски: Во „Кроациа осигурување - Живот“ имаме раст на продажбата од 20 отсто

Објавено во: Економија, Интервјуа 28 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Не би сакал да ја игнорирам тековната глобална криза како ограничувачки фактор, обично не сум човек кој се фокусира на работи кои не може да ги контролира, но искуството од оваа година покажува дека со добар план и стратегија секоја криза може успешно да се надмине, вели во разговор за Фактор, Горан Божиновски, директор на продажба во „Кроациа Осгирување – Живот“. Ковид-кризата донесе неизвесност за сите индустрии, предизвика промени и во осигурителниот сектор, па и во целата економија, но Божиновски вели дека и покрај првичните стравувања, годинава имаат раст од 20 отсто во интерната продажна мрежа во однос на минатата година. Биле лансирани и нови производи, а Божиновски, е посебно горд на воведувањето на ТВОЈ КРОЛајф-ИНВЕСТ - производ во кој клиентот избира сооднос на премија, дел во класично животно осигурување и дел во инвестициски фонд.

Прво, како оваа криза се рефлектираше на продажбата на осигурителните полиси за животно осигурување?

Божиновски: Да, како во секоја глобална криза, на почетокот на кризата имаше определени сомнежи во остварување на зацртаните цели и планови во продажба.

Ние, како менаџмент, одлучивме првично да ги зацврстиме позициите на вработените во продажба, да ги ослободиме од стресот за евентуално намалување на платата, отказ од работа и слично. Мојот став и ставот на мојата компанија, е дека вработените се најважната алка во компанијата и доколку тие чувствуваат припадност, односно се среќни на своето работно место, резултатите ќе стигнат природно. Изградивме тим од мотивирани, фокусирани и пред се вработени кои ја работат својата работа со љубов и посветеност. Последователно на тоа и грижата и посветеноста кон клиентите се зацврстија, направивиме определени позитивни промени во комуникацијата со клиентите и потенцијалните клиенти, па можам да кажам дека сите промени помогнаа да имаме раст во интерна продажна мрежа од 20 отсто во однос на минатата година.


„Кроациа Осигурување -Живот“ и пред кризата имаше значаен раст, какви се показателите за 2020 година која е специфична токму од здравствен аспект?

Божиновски: „Кроациа Осигурување“, како лидер во сегментот на животно осигурување, историски има континуиран раст во секој сегмент на своето работење. Како што напоменав претходно, горд сум на продажниот тим со кој годинава, преку макотрпна работа и, пред се, фокус кон потребите на клиентите, ја надминавме кризата на најпрофесионален можен начин и со резултати над очекувањата и планирањата.

Како, од друга страна, граѓаните гледаат на осигурувањето, токму сега, во вакви услови?

Божиновски: Резултатите од годинава, јасно покажуваат дека граѓаните сѐ повеќе се заинтересирани за ваков тип на осигурување. Наша основна задача во продажба е зголемување на свеста од потребата од животно осигурување, континуирано работиме на зголемување на финансиската писменост и култура, преку одржување на директни контакти и состаноци каде настапуваме како финансиски консултанти и советници. Очекувам и во наредните години, истиот тренд да продолжи.


Често кризата е предизвик за дополнителни вложувања, развој на нови производи. Како од овој аспект ја прилагодивте понудата, какви производи воведовте?

Божиновски: „Кроациа Осигурување – Живот“ секогаш била, и ќе биде и во иднина, компанија која ги слуша потребите на своите клиенти и реагира соодветно.Оваа година „Кроациа осигурување – Живот“ воведе многу новини во својата палета на производи, водена токму од желбите и потребите на своите клиенти и идни клиенти. Воведовме нови дополнителни осигурувања со покритие за операции, трајна инвалидност и ризико осигурување. Посебно сум горд на воведувањето на ТВОЈ КРОЛајф - ИНВЕСТ - производ скроен индивидуално, посебно за секој клиент. Овој производ, како што кажува и самиот назив, е производ каде клиентот избира сооднос на премија дел во класично животно осигурување и дел во инвестициски фонд. На овој начин клиентите се директно инволвирани во креирањето на својата полиса, а дополнително имаат опција и избор на инвестициски фонд.

Сегментот на осигурување живот, како незадолжителна класа на осигурување, има секако голем потенцијал за раст. Во следниот период кои би биле ограничувачки фактори за растот, односно од што ќе биде детерминиран?

Божиновски: Според мене, растот нема да биде детирминиран директно од клиентите, туку од професионалноста, посветеноста и знаењето на вработените во осигурителните компании за живот.

Во наредниот период преку отворен и пред сѐ, професионален однос, нашата задача е да ја одржиме континуираната доверба што нашите клиенти ни ја даваат на долг рок, а тоа можеме да го постигнеме само преку продажба со знаење и почитување на желбите и потребите на клиентите.


Природно, креирањето на ваква врска ќе придонесе за дополнителен раст во индустријата.

Не би сакал да ја игнорирам тековната глобална криза како ограничувачки фактор, обично не сум човек кој се фокусира на работи кои не може да ги контролира, но искуството од оваа година покажуваат дека со добар план и стратегија секоја криза може успешно да се надмине.

А колкав раст вие очекувате? Каде е најголемиот потенцијал?

Божиновски: Земајќи ги предвид сите фактори, моите очекувања за следната 2021-ва година се продолжување на успешната приказна и реализација на амбициозно поставените цели. Најголем потенцијал гледам во јунит линк производите, детските штедни осигурувања и ризико осигурувањата (банко осигурувањето).

 A.T.


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?