27 Април, 2024
0.0263

ИНТЕРВЈУ, ГАЦОВ: Прво, длабинска анализа на долговите, потоа “чистка“ !

Објавено во: Економија 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Мора да се направи далинска анализа на долговите на државата кон приватниот сектор, да се разграничи кои обврски се доспеани а кои не и врз основа на тоа да се одбере модел за раздолжување – вели економистот Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници. Во интервју за “Фактор“ зборува за начини со кои државата може да ги подмири доспеаните обврски.

РАЗДОЛЖУВАЊЕ СО НОВИ ЗАЕМИ И ОТПИС НА ДОЛГОВИ…

Фактор: Како се толкува, оценува долгот на државата од 363 милиони евра кон приватниот сектор? Сумата не е занемарлива и изнесува околу 3,5% од БДП.

Гацов: Се работи за гол факт кој има квантитативна, но не и сериозна квалитативна тежина. Евидентираниот долг е сумиран износ и нема аналитички квалитет што може да се добие од неговата структура. Ова пред се во смисла, дали се работи за долг кој не е доспеан (не е пробиен валутниот рок за плаќање), во однос на долговите за кои е пробиен валутниот рок за плаќање, потоа дали долгот е стар, повеќегодишен или краткорочен, односно дали истиот е застарен од аспект на ЗОО, потоа за кој дел од долговите се водат судски спорови, дали е долгот по основ на набавка на добра и/или услуги или пак се работи за долг по основ на заеми, долгови по основ на јавни давачки, неисплатени плати ..итн. Аналитичкиот пристап за презентираната состојба со обврските (долговите) на државата ќе и даде повисок квалитет на суровата информација за висината на долговите на датумот на пресек.

Фактор: Како овој долг ќе се одрази врз јавните финансии, со оглед на тоа што сега веќе е обелоденет и ќе мора да се бара решение ?

Гацов: Ако постојат планирани извори за финансирање на обврските, посериозни проблеми со нивната исплата ќе нема. Во спротивно за финансирањето на преземените обврски ќе мора да се обезбедат извори. Извори за обезбедуваат со планирање, односно со донесување на соодветен буџет од страна на секоја конкретна институција. За секоја непланирана обврска ќе мора да се обезбедат средства од идни буџети (ребаланси), односно со дефицит или конечно со зголемување на јавниот долг.

ПОТРЕБЕН Е МИКС НА МЕРКИ

Фактор: Најверојатно ќе се земаат кредити под поволни услови за да се спроведе “чистење “ на долговите – дали ова е единствениот излез од должничкиот круг?

Гацов: Долговите се „чистат“ со нивно враќање, односно исплата, со евентуално отпишување поради застареност или со отпишување - целосно или делумно а по претходно обезбедена согласност на доверителите. За почеток е потребно да се анализира правната структура на секоја поединечна обврска, документираноста, правната основаност, извршеноста на преземените обврски од страна на доверителите, евентуалните пенали и камати и сл. Управувањето со долгот, значи и можност за негово реструктуирање, односно одлагање за да се создаде финансиска кондиција за негово враќање. Долгот може да се „чисти“ и со создавање на нов долг, по можност под поповолни услови од претходните. Решението веројатно треба да се бара во микс на сите овие мерки.

Фактор: Политики на штедење или експанзивни политики на трошење ?

Гацов: Најдобрата опција е микс на штедење и трошење - рационализација на нефункционалните трошења и инсистирање на економска оправданост на најавените инвестиции од една страна и трошење за капитални инвестиции (патиштата, енергетски објекти, гасот, ...) од друга. Сметам дека ригидните мерки на штедење што би се применувале по секоја цена ќе предизвикаат дисторзии во системот и дека тоа во моментов не е разумна опција.

Фактор: Што ја чека економијата во периодот што следува, со оглед на тоа што веќе е намалена и проекцијата за економски раст?

Гацов: Економијата има свој континуитет и таа не зема залет само затоа што сега на власт дошла нова гарнитура. Потребни се политики што ќе ја забрзаат економијата. Ги очекуваме. Забавувањето на економијата во првата половина од годината го прави уште понеизвесен евентуалниот залет. Имено прво треба да следи прекинување на негативниот тренд и потоа придвижување на тркалото. Затоа за 2017 година е добро да се намалат очекувањата и да се смири топката, но истовремено позадински да се работи за полетна 2018 година. Дали е ова можно? Со добри и конзистентни решенија – да.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра