12 Мај, 2024
0.0243

ИНТЕРВЈУ Јован Дабевски: Вложувањето во нови технологии е клуч за успешноста на „Здравје Радово“!

Објавено во: Агробизнис 06 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Со речиси 120.000 литри дневен откуп на сирово млеко, “Здравје Радово” е  најголемиот откупувач на млеко во земјава. Во моментов млекарницата располага со 4 производствени капацитети,  а соработува и со повеќе од 2.000 фармери, од најголемите фарми како што се ЗИК Пелагонија, ЗСК Струмица и други.  Имаме партнерски односи со фармерите, ја имаме нивната доверба,  им помагаме со јуници, со средства и на секаков друг логистички начин, а на тој начин и откупот на млеко се зголемува, вели во интервју за Фактор директорот на млекарницата “Здравје Радово”, Јован Дабевски. Фактор: Млечнните кризи во земјава последниве години се се почести,а млекарниците се соочуваат со недостиг од сирово млеко. Како Здравје Радово работи во еден ваков кризен период? -Ние нашето производство 100% го базираме на млеко од квалитетни домашни фарми. Имено Млекара “Здравје Радово” и соработува со најголемите земјоделски комбинати во земјава што ни дава гаранција за добар квалитет на финалните производи, бидејќи потрошувачите го заслужуваат најдоброто. Токму поради ова минатиот месец Млекара “Здравје Радово” увезе 279 грла овци од Шпанија од расата АСАФ кои ги карактеризира висока млечност, дури 17 пати поголема од обичните овци, а кои се многу  поиздржливи. Тие се наоѓаат на нашата фарма во Ерџелија, која е прва ваква демонстративна фарма од овој тип, а која има капацитет за 1000 грла. Со оваа инвестиција, веќе за две години очекуваме раст на количините на млеко. Фактор: Дали постои стабилна бизнис клима во македонското млекопроизводство, односно како ги оценувате досегашните текови во оваа земјоделска гранка? - Со сигурност можеме да кажеме дека домашната млечни индустрија ја карактеризира стабилност последниве години. Воспоставени се односи на доверба со сите заинтересирани страни, фармерите, потрошувачите како и државните институции, на што Ние домашните млекопреработувачки компании одговараме со подобрување на квалитетот на производите, со воведување нови и постојана грижа за локалната заедница. Секоја здрава конкуренција е добродојдена, бидејќи таа преставува стопанствен агрегатор и  ние ја поздравуваме. Фактор: Од оваа година исплатата на субвенции за фармерите ќе биде во зависност од квалитетот на млекотo, дали со ваквата стратегија ќе се развие оваа гранка, и крајно ќе се намали увозот на млеко и млечни производи? - Сметам дека Македонија како земја треба да развива долгорочна стратегија за супституција на увозот на млеко, со домашно производство. Ние за тоа имаме традиција, услови а и потенцијал. Аграрот треба да биде една од нашите главни економски гранки, следствено на тоа посебно млечниот сектор. Субвенции по квалитет, е многу подобро решение, кои придонесува кон подигнување на стандардите кај примарните млеко производители, и мотив повеќе за нив да вложуваат во квалитетот. Ние како домашна компанија ќе ја поддржиме секоја позитивна мерка која е во функција на развојот на домашната индустрија Фактор: Како се носите со конкуренцијата на пазарот, со оглед на тоа што на македонскиот пазар неодамна влезе нова млекарница? - Конуренцијата како што веќе напоменав е добродојдена, особено ако  таа влегува како подготвена и сериозна во своите  намери. Пазарот иако е презаситен од производители големите играчи се тие кои поставуват нови критериуми, така да сите учиме меѓусебно. Предноста што ја има Млекара “Здравје Радово” е тоа што е домашна компанија која е зависна од македонските купувачи, а тоа ја прави многу поблиска до нив. Инаку,  клуч за успех на секој млекопреработувачки центар е во постојаното вложување во нови технологии за производство, едуцирање на кадрите, нови палети на производи и инвестирање во нови производствени капацитети. Ние произведуваме производи по традиционални рецепти, но со современа технологија и токму затоа имаме толку многу лојални потрошувачи. Посветени сме на нашата работа, и само така треба и да биде. Нашата компанија веќе 12 години по ред остварува раст, што се должи на нашата претпазливост, домаќинско работење и пред се воспоставени чесни долгорочни односи со фармерите. Не ветуваме нешто што е нереално, и имаме воспоставено контрола на секое ниво. Тоа е нешто што треба сите да го практикуваат. Фактор: Важите за компанија која постојано воведува новитети во производството, каква палета на производи сега се произведуваат во млекара Здравје Радово? - Секоја година вложуваме во нови производи. Сега имаме над 40 типа на производи, а годинава, релативно брзо ќе воведеме уште нови шест производи, како што се јогурти, млечни намази, топени сирења, путери. Токму минатата недела ги лансиравме новите „Здравје“ јогурти со 3,2 и 1,5 малсеност зак ои имаме одлични реакции на пазарот.Најмногу вложуваме во ферментираните производи, течната програма, свежо млеко со подолг рок на траење, кое е доминантно во потрошувачка на регионалниот и европскиот пазар. Кај нас повеќе се користи трајното млеко, но се надеваме дека таа навика постепено ќе се смени и ќе се зголеми потрошувачката на свежото млеко кое содржи повеќе корисни состојки. Фактор: Домашниот пазар го освоивте, дали вашите производи се барани на странските пазари? Млекара “Здравје Радово” е најголемиот македонски извозник на млеко и млечни производи. Со гордост можам да кажам дека дури 80% од вкупниот македонски извоз е од нашиот асортиман на производи. Квалитетот на нашите производи се повеќе се препознава, а периодов интензивно работиме на добивање извозен број за ЕУ. На ова поле напорно работиме, за што во погонот во Куманово вложивме многу средства и нова опрема, што значи и сертифицирање за извоз на Унијата. Фактор:  Како ја завршивте годината што измина? - И оваа година, 12–та од своето постоење Млекара “Здравје Радово” оствари раст од 17%. Остваривме позитивен резултат и на македонскиот и регионалниот пазар се етаблиравме како стабилна компанија која произведува квалитетни и безбедни млечни производи, кои уживаат голема доверба од потрошувачите. Тоа се должи и на фактот што оваа година спроведовме внатрешна реорганизација, нов систем на дистрибуција, нов и поквалитетен однос со своите партнери. Сето тоа, заедно со посветеноста на вработените придонесе да се оствари раст, и зголемен пазарен удел. Ј.С