27 Април, 2024
0.0303

Интервју Лејланд: Бренд како Мериот привлекува многу туристи во Скопје

Објавено во: Економија 26 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Марк Лејланд, генералниот менаџер на Скопје Мериот хотелот кој од неодамна дојде на оваа позиција, верува дека бренд како Мериот може да привлече огромен број на туристи во македонскиот главен град, како и да понуди многу за тие да го рашират добриот глас, повторно да се вратат и да привлечат нови гости. Скопје ова лето беше фокусирано на Супер купот на УЕФА што претставуваше огромен предизвик и се покажа дека се потребни светски брендови кои ќе ги подигнат стандардите. Хотелиерството во Скопје претрпе повеќе промени и има најави за влез на уште неколку елитни брендови, а нови хотели веќе се градат. За целокупната понуда во Скопје, перспективите, како и плановите на Мериот брендот разговаравме токму со Марк Лејланд. 

Фактор: Најпрво честитки за вашата нова позиција. Која беше првичната помисла за Скопје, градот во кој ќе живеете во наредниот период?

Лејланд: Почетните импресии се апсолутно фантастични, луѓето се многу пријателски расположени, има многу што да се прави во земјата и самиот град. Развојот е огромен, немам видено досега такво ниво на развој и оператива во многу градови низ Европа. Во скопје има многу убави ресторани и барови, кулинарството многу ме импресионираше, а и самиот квалитет на храната е неверојатен со одлично вино, месо, овошја и зеленчуци. Сепак, ќе повторам најголемо нешто е гостопримството на луѓето.

Фактор: Која е предноста која вие ја гледате на Скопје Мериот хотелот во однос на останатата конкуренција во Скопје.

Лејланд: Јас сум многу горд на хотелот и компанијата како што може да замислите. Мислам дека досега неверојатните работи кои ние ги имаме се самата локација на хотелот која без сомнежи е совршена. Тука е самиот прекрасен плоштад во близина на реката, опкружени сме со многу бизниси, музеи и локали. Од туристичка гледна точка ова е најдоброто место да бидете од целиот град. Имаме апсолутно прекрасен хотел, дизајнот и архитектурата кои ги применивме во ова место се подобри од тоа што го имам видено во многу главни градови низ светот. Можеме да се натпреваруваме против било кој град. Другите компетитивни предности кои ги имаме се самиот бренд на Мериот со над 6100 хотели ширум светот. Тоа ни дава економија на големина и одличен публицитет со кој може да се истакнеме во Македонија.

Фактор: За краткиот период колку што сте тука како ја оценувате работата на Мериот хотел Скопје, има ли место за подобрување?

Лејланд: Најтешката работа е да лансирате хотел од нула и да поминете низ целиот процес за развој на тимовите, услугите и грижата за нашите гости. Тие досега направија апсолутно голема работа, со достава на резултат кои се едни од најдобрите споредени со врвните хотели кои имамаме низ Европа, па затоа сум многу горд на тоа. Дали има место за подобрување:? Да, секогаш. Јас ќе гледам да го однесам Мериот хотелот на следното ниво.

Фактор: Хотелската индустрија постојано се менува и брендови како Мериот се очекува да го донесат тоа ниво на иновации и светски трендови. Може ли Мериот да биде причина за повеќе странски туристи во македонската престолнина?

Лејланд: Луѓето сакаат брендови и тие го сакаат нашиот бренд, ние сме најголемата хотелска компанија во светот и нашата визија е бидеме и најдобрата компанија за патување насекаде. Се споивме со Капитол Стар хотелите и тоа отвора можност за луѓето да патуваат уште повеќе. Од маркетиншка перспектива да имате бренд како Мериот во градот дава можност за присуство на луѓе од различни профили. Дали може да привлече туризам? Апсолутно да, ние и го гледаме тоа веќе од клучните партнери како Qatar Airways и доаѓањето на голем број на гости од Австралија, многумина од нив секако и со македонско потекло.

Фактор: Вие дојдовте во Скопје кога се организираше УЕФА Супер купот најголемиот спортски настан во нашата историја. Може ли да ни објасните колку тоа беше важно за Скопје Мериот хотелот. Кои се позитивните аспекти од организирање голем настан како Супер Купот за хотелскиот бизнис во Скопје?

Лејланд: Многу сум горд што ја одиграв мојата мала улога во толку голем настан. Беше фантастичо да се види целата земја обединета околу логистиката и организацијата. Храната, пијалоците, забавите кои ги организиравме и обезбедивме за фановите, врвното обезбедување, целата атмосфера, се фунционираше совршено. Ние бевме многу среќни што имавме многу ВИП гости кои беа дел од организацијата или пак беа дојдени да го следат фудбалскиот натпревар. Фидбекот од нив за мене беше дека се помина во најдобар ред, од хотелот до стадионот, секој аспект одлично се вклопи. Вниманието на светот беше поставено врз Скопје тие неколку дена и ги прашував гостите дали сакаат повторно да дојдат. Сега тие знаат, свесни се за понудата во Скопје и сигурно ќе дојдат назад.

Фактор: Дали мислите дека влезот на нови големи брендови во хотелската индустрија во Скопје ќе бидат негативни за Мериот или пак поголем предизвик за да се задржи сегашниот статус?

Лејланд: Мислам дека конкуренцијата е добра, сакам кога повеќе конкуренти доаѓаат на пазарот бидејќи прави постојано да го одржуваме нашето ниво, да „играме“ на највисоко ниво што всушност на крајот ќе донесе голем бенефит за самите корисници. Ја ценам конкуренцијата и таа ни е потребна, особено кога достигнуваме критична точка со капацитетите. Тогаш полесно е да се привлече и поголема маса, особено за големи настани каков што беше УЕФА Супер Купот или пак големи концерти, конвеции, за што е потребна квалитетна комбинација во Скопје.

Фактор: Ги следиме информациите за новиот Кортјард од Мериот хотел кој ќе се отвори во Скопје со нова зграда на градскиот плоштад. Што е Кортјард од Мериот и каков тип на хотел ќе биде?

Лејланд: Кортјард е еден од најголемите брендови под чадорот на Мериот. Кортјард во Скопје ќе има 154 соби и засега се уште е во фаза на изградба. Ќе има многу кул бар сместен на осмиот кат со две тераси кои ќе ги искористат погледите кон реката. Ќе има место за средби и ресторан. Кортјард ќе биде позициониран како хотел од 4 ѕвезди, додека Мериот е хотел со 5 ѕвезди. Двата хотела ќе работат многу блиску како партнери. Кортјард исто така е одлично позициониран до Вардар и не можеме да дочекаме да заврши изградбата.

Фактор: Кој ќе биде фокусот на вашето лидерство во Скопје Мериот хотелот и може ли да ни ги откриете следните активности?

Лејланд: Клучниот фокус на хотелот ќе биде одново лансирање на храната и пијалоците во Мериот и Дистрикт терасата, ќе имаме нови менија. Исто така ќе ја обновиме програмата за организирање настани, па сакаме да прераснеме во посакуваниот хотел за свадби, бизнис средби, место за престој, како и за користење на одличните капацитети кои ги имаме. Мојата цел е да го направиме Мериот хотелот број еден. Тоа е амбициозна цел во споредба со европските услови за нашата компанија, но ние веќе сме во топ 10 гледано од секоја мерка од нашите европски сестрински хотели. Сега сакам да стигнеме до првото место во 2018 и тоа ќе биде моја цел како главен менаџер на Мериот во Скопје.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра