07 Мај, 2024
0.0394

Интервју Николче Димоски: Што ќе се случи со доларот денес попладне?

Објавено во: Анализа 12 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

1. Николче, што се очекува денес, што е тоа што ќе предизвика промена на доларот? Најзначајната економска вест во текот на денешниот ден дефинитивно е извештајот за малопродажбата во текот на ноември во Америка.Малопродажбата е важна компонента на вкупниот производ на економијата во една земја. Овој извештај ја покажува вкупната заработувачка од продажбата на мало во продавниците. Јаката економија исто така бара јака потрошувачка која во Америка опфаќа приближно две третини од вкупниот национален производ. 2. Како се очекува да влијае на промената на доларот? Забавувањето на растот во малопродажбата кажува дека потрошувачите трошат помалку за разлика од изминатиот период, што би можело да сигнализира и рецесија бидејќи овој вид на потрошувачка има значајна улога во здравјето на економијата. Висока малопродажба во период на забавена економијаможе да биде сигнал за економско подобрување , да поттикне корпоративна заработувачка и да влијае позитивно на цената на акциите. Така да доколку овој извештај покаже раст на малопродажбата, тоа би можело позитивно да се одрази на американската валута. Минатомесечното објавување покажа подобар резултат од очекуваниот и dollar indexпосле него за само еден ден порасна 0.88%. 3. Кога ќе биде објавен извештајот за малопродажбакој го споменувате? Овој извештај американската влада го објавува еднаш месечно. Денес во 14.30 часот по наше време, ќе биде објавен извештајот за ноември. Николче Димоски, дипломиран економист и сениор експерт во FXLider Ако Ве интересира реакцијата на пазарот на овој показател и како може истиот да се искористи,регистрирајте демо сметка на време на линкот oвде>>

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад