27 Април, 2024
0.0300

ИНТЕВЈУ, ШУКАРОВ: Рак – рана ќе биде одржливоста на пензискиот систем!

Објавено во: Економија 22 Април, 2017

Добивај вести на Viber

“Многу често го анализирам профилот на Министерот за финансии заедно со студентите. Тој треба да биде професионална, едуцирана и високо морална, скромна и компромисна личност. Да знае да го издвојува битното од небитното и оттука да ги приоритизира јавните потреби и соответно да го менаџира нивното финансирање“ – вели во интревју за “Фактор“ универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров. Смета дека по завршување на кризата идната Влада ја чекаат сериозни проблеми за кои ќе мора да се најде решение а еден од нив и одржливоста на пензискиот фонд. 

Кризата ќе го земе својот данок и во 2017 година... 

ФАКТОР: Кои се клучните економски проблеми кои според вас ќе ја одбележат  и оваа економска 2017 година? Веќе се ситни првото полугодие од годината, се троши досега најгломазниот буџет од 3,3 милијарди евра? Повеќе од 4 месеци по изборите, нова Влада нема иако се формираше ново парламентарно мнозинство? 

Шукаров: Едно е јасно, новата Влада нема  да ги нема првите 100 мирни денови. Таа ќе влезе во оган од првиот момент од нејзиниот избор. Клучните проблеми се во нормализација на состојбите и нивелирање на државното трошење според силата на економијата. Најитно треба да се утврди постојната РЕАЛНА состојба со долгот и скриените, односно неприкажаните долгови и да се оцени динамиката на нивното амортизирање. Треба да се утврди колку одливи можат да се појават и во кој период, според потпишаните договори со стопанството. Износот јавно и транспарентно да се обелодени и да се побара нивно пријавување во многу кус временски период. Преземените обврски по капиталните одливи ќе треба да се регистрираат и анализираат од аспект на динамиката на нивното финансирање (потребна е нивна приоритизација, таму кадешто е тоа уште можно, односно таму кадешто сеуште непостојат договорни обврски). Една од првите активности на Министерот за финансии е да изготви Ребаланс на буџетот. Односно негово преструктурирање и прилагодување кон реалните можности на стопанството и чистењето на непотребните ставки (кои верувам дека ги има во изобилие).

ФАКТОР: Што би издвоиле како сериознен проблем со кој се соочува или би се соочила економијата, а со тоа и идната Влада? 

Шукаров: Огромен проблем на владата ќе бидат растечките буџетски обврски према државниот Пензиски фонд за да се воспостави негова одржливост на среден рок. Резултатите од анализата транспарентно треба да се објават и да се планира рокот и начинот за негова нормализација. Корисник на овој фонд е најранливиот дел од популацијата. Тоа се луѓе кои треба да престанат да стравуваат дека пензиите им се загрозени. Со оглед на тоа што буџетот покрива доминантен дел од обврските на пензискиот фонд, со воспоставувањето на одржливоста на државниот Пензиски фонд индиректно се влијае и врз консолидацијата и одржливоста на Буџетот.

Профил на министер за финансии и економски припритети… 

ФАКТОР: Според вас што треба да биде економски проритет во периодот по разрешување на политичката криза? 

Шукаров: Планирањето на новите стратешки капитални расходи (Инфраструктура, Образование, Здравство) кои имаат долгорочен карактер треба да следи после широка јавна дебата и соработка со повеќето политички субјекти (парламентарни и вонпарламентарни), експерти, научни работници и институции. Стратешките инвестиции од развоен карактер не се ексклузивитет на партиите на власт, туку имаат многу пошироко јавно значење. Треба веднаш да се направи сеопфатна анализа на кадровската структура во јавниот сектор (број вработени, опис на работни места, политика на наградување во сите институции и агенции од државен и парадржавен карактер) и да се хармонизираат нивните работни задачи, да се оптимизира нивниот работен капацитет и наградувањето. Треба да се проверат меѓуинституционалните договорни обврски и да се прочистат соответно.

Сето ова е неопходно за да се спречи натамошното зголемување на јавниот долг и нерационалното трошење на јавните средства. Потребата да  се доведе буџетот до негова одржливост на среден рок е еден од највисоките приоритети на новата влада.

ФАКТОР: Дали и во кои сегменти би требало да се менуваат сегашните економски политики , дали на пример се одржливи сегашните политики за привлекување на странски инвестиции, дали е потребна промена можеби во даночниот модел? 

Шукаров: Голем предизвик е воспоставувањето нови стандарди во водењето на економската политика (фискална и монетарна) кои средишно внимание би требало да и посветат на економската активност, особено на приватниот сектор, и на зголемувањето на продуктивните вработувања. На пример, политиката на вработувања во Технолошките зони (ТИРЗ) треба да продолжи само како дополнителна активност, а не како основен инструмент за намалување на невработеноста. Посебен приоритет на фирмите во ТИРЗ треба да има нивната можна деловна соработка со локалните фирми. Значи, да се изнајдат начини да се стимулита растот на економијата со мерки кои ги зголемуваат продуктивните вработувања во приватниот сектор.

ФАКТОР: Како го профилирате  министерот за финансии,  кои во иднина треба да ги менаџира јавните пари , што треба да му биде приоритет на економската агенда?

Шукаров: Многу често го анализирам профилот на Министерот за финансии заедно со студентите. Тој треба да биде професионална, едуцирана и високо морална, скромна и компромисна личност. Да знае да го издвојува битното од небитното и оттука да ги приоритизира јавните потреби и соответно да го менаџира нивното финансирање. Треба да знае рационално да реагира дури и при многу емотивни прашања, но и да биде безусловно несуетен бирократ, рутинер. Кооперативноста со професионалци, дури и со оние кои имаат сосема спротивна политичка ориентација, и се разбира треба да има доблест да биде подготвен прифати и спроведе нивни аргументирани предлози. Да поседува способност да делегира дел од значајните задолженија на министерот на лица кои се стручни од таа област. Треба да знае да донесе одлука, да има став и да го брани, но и да прифати туѓ став, доколку е соответно аргументиран.

Да не мисли дека само неговото мислење е единствено исправно. Мора да знае да се спротивстави на авторитети (политички и државни) доколку нивните ставови се спротивни на дискреционата политика која актуелно се води и која е проценета дека ќе даде резултати кои што се очекуваат според воспоставените приоритети. 

Треба секогаш јавната потреба и интерес да бидат негова мисла водилка. И уште нешто. Министерот за финансии треба како важна работна обврска да одржува редовни средби (можно е и заеднички официјален ручок) со Министерот за економија, Министерот за труд и социјална политика и Гувернерот на НБРМ за определување заеднички стратегии и политики. Од овие средби треба секогаш да излегуваат официјални соопшенија за јавноста кои на транспарентен начин реално ќе ги соопштуваат економско-финансиските состојби и ќе ги определуваат насоките на наредните очекувани економски движења.

Д.Д.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра